Камиони

Македонија

×
Влезното скалило на Volvo FL е совршено дизајнирано за возачите во дистрибуцијата

Паметно зачекорување во Volvo FL

Влезно скалило

Качувањето и симнувањето од кабината по цел ден го зема својот данок на вашето тело. Токму затоа секој детаљ од влезното скалило на Volvo FL е дизајниран да го направи влегувањето и излегувањето колку што е можно побезбедно и полесно. Да го поздравиме работниот ден без напор.

Безбедно скалило

Влезот со две скалила се одликува со облога од материјал што не се лизга, така што нема да се лизгате на врнежливи денови. А решеткастиот дизајн спречува вишокот вода или снег да ве забават. Работите ноќе? Светлото на влезното скалило безбедно ве води во и од кабината.

Влезните скалила на Volvo FL се одликуваат со облога од материјал што не се лизга
Влез во Volvo FL

Лесно зачекорување

Совршено поставените рачки за држење ви даваат максимална поддршка кога се качувате и симнувате од кабината, спречувајќи пресегнување и напрегање на мускулите. Влезното скалило е благо закосено за полесно качување. А за возачите на 12-тонскиот модел, намалената висина го приближува скалилото до земјата.

Зачекорете внатре

Искусете го самите редизајнираното влезно скалило. Наминете кај локалниот дилер на Volvo Trucks

Карактеристики на Volvo FL