Камиони

Македонија

×
Многу простор за складирање во кабината на Volvo FE

Место за сè

Места за складирање во Volvo FЕ

На контролниот пулт. На вратите. Над вашата глава. Помеѓу седиштата. Погледнете околу кабината на Volvo FE и ќе најдете изобилство простор за складирање. И ако сакате, можете да додадете уште – кабината може да се приспособи со дополнителни единици за складирање.

Ефикасно складирање

Над ветробранот има две единици за складирање и четири DIN-прегради за работи како радиото за комуникација и тахографот. Исто така, има оддел над главата, опремен со мрежа или капак.

Volvo FE е опремен со две пространи единици за складирање над ветробранот
Volvo FE со кутија за складирање во форма на тунел во задниот дел од кабината

Поголем простор за складирање во кабината Sleeper.

Кабината Sleeper на Volvo FE во задниот дел има оддел за складирање во форма на тунел, со простор за шише. А исто така, може да додадете и приспособлива единица за складирање помеѓу седиштата. 

Додадете ваш сопствен простор за складирање

Кабината има многу простор за складирање. Но, доколку сакате, може да додадете уште повеќе. Кутиите можат да се постават на капакот на моторот во разновидни конфигурации, во зависност од варијантата на кабината. И има место за дополнителен сандак за складирање – зад седиштето на совозачот.

Дополнителни кутии за складирање за тунелот на моторот или зад седиштето на совозачот

Штедачи на простор

Видете колку простор за складирање има Volvo FE со посета на локалниот дилер на Volvo Trucks.

Карактеристики на Volvo FE