Камиони

Македонија

×
Влезното скалило на Volvo FE е совршено дизајнирано за возачите во дистрибуција

Практично скалило

Скалило за влегување во Volvo FE

Стоп. Старт. Стоп. Старт. Ако цел ден влегувате и излегувате од кабината, потребно е да можете тоа да го направите брзо и безбедно. Токму затоа влезното скалило на Volvo FE е специјално дизајнирано според физичките барања со кои се соочуваат возачите во дистрибуцијата.

Безбедно скалило

Влезот со две скалила се одликува со облога од материјал што не се лизга, а решеткастиот дизајн спречува водата или снегот да ви го забават влегувањето во кабината. Дополнителното осветлување на скалишниот простор во форма на светло на долната рамка на вратата, исто така, ги прави навечер побезбедни влегувањата и излегувањата.

Влезните скалила на Volvo FE се одликуваат со облога од материјал што не се лизга
Влезното скалило на Volvo FE е ергономски дизајнирано во секој поглед

Комфорно скалило

Ги зедовме предвид сите детали за влезното скалило, за да се осигуриме дека тоа е колку што може покомфорно. Оптималната висина на скалилото и ергономските рачки лесни на дофат спречуваат пресегнување и напрегање на мускулите.

Влезете внатре

Подготвени ли сте самите да го пробате влезното скалило? Контактирајте го локалниот дилер на Volvo Trucks за разгледување на кабината и нејзините одлики.

Карактеристики на Volvo FE