Камиони

Сервисните договори на Volvo ја подигнуваат ефикасноста на камионот на повисоко ниво

Со воведувањето на новата генерација на камиони во целиот производствен процес, Volvo им овозможи на клиентите и на корисниците на новите камиони различни сервисни услуги, „прилагодени“ според нивните различни потреби и деловна динамика.

Сопствениците и корисниците на камионите на Volvo веќе имаат долгогодишно искуство со Синиот договор. Тој „покрива“ превентивно одржување врз основа на вистинската употреба на камионот. Услугата се планира и се изведува кога камионот е слободен - надвор од употреба. Договорот предвидува промена на маслото на моторот, менувачот и оската, промена на филтерот, промена на ремените и затегнувачите, проверка и замена на филтер честицата (DPF) и доколку е потребно и големи/основни проверки, при кои проверки се следат одбраните компоненти кои се трошат и се абат. На редовните годишни сервиси на камионите кои се „покриени“ со Синиот договор, се проверуваат и по потреба се ажурираат софтверските промени во сите контролни единици на возилото, како би можело сите клучни компоненти на возилото да работат во совршена хармонија. Синиот договор вклучува и далечинско следење на параметрите на камионот (без предвидлива анализа) и далечинско следење на сервисирањето. Со Volvo Синиот Догвор се одредува фиксна рата на сопственикот/корисникот во текот на целиот период на одржување и трошоците се распоредуваат на еднакви рати, што им овозможува на корисниците да ги планираат своите трошоци.

Сребрениот договор опфаќа сè што покрива Синиот договор, со поправки и одржување на погонската единица - за подобра контрола на оперативните трошоци на возилото. Списокот на поправки на погонската единица ги вклучува моторот, издувниот систем, менувачот, погонската единица, вбризгувањето гориво и менувачот.

За максимална достапност/мобилност на возилото, на сопствениците и на корисниците им се нуди Златен договор, кој ги вклучува сите поправки и превентивно одржување. Опфаќа се што е вклучено во Сребрениот договор, како и поправки кои не се однесуваат на погонската единица - електричниот систем и инструментите, суспензијата, системот за управување, клима уредот, а покрај сето тоа и замена на компонентите кои се трошат и абат - акумулатори, сопирачки со дискови, влошки за сопирачки, потисни лежишта, потисна плоча, пружини. Златниот договор вклучува и континуиран мониторинг на клучните компоненти на камионот во реално време, 24 часа на ден.

Денес, имено, секој камион на Volvo е опремен со еден од најнапредните телематички и дијагностички системи во индустријата за камиони. Сето ова, заедно со најновите технологии за поврзување, му овозможува на Volvo Trucks далечински да ги следи и анализира податоците од критичните компоненти во реално време и да предвиди кога ќе се случи дефект. Податоците се пренесуваат во центарот за мониторинг, Volvo Trucks International Uptime Center, каде што тие се обработуваат и анализираат. Доколку се открие можност за дефект, се испраќа известување до локалниот дистрибутер или до националниот центар за мобилност за да можат да се преземат превентивни мерки пред навистина да се случи дефектот.