Камиони

Што сакаат да знаат потенцијални купувачи на електрични Волво камиони?

Во некои европски држави Волво започна или подготвува брз почеток на продажба на своите електрични камиони. За разлика од купопродажба на камиони со конвенционален погон на дизел, потенцијалните купувачи на електрични возила поставуваат и дополнителни, специфични технички прашања. Следуваат одговори на некои од најчестите прашања.

Колку време е потребно целосно да се наполнат акумулаторите на елетричните камиони?

Со користење на АЦ полнач (со наизменична струја) потребно е околу девет часа за целосно да се наполнат акумулаторите. Со ДЦ полнач (на еднонасочна струја) времето на полнење се намалува на приближно два часа. Акумулаторите можат и побргу да се наполант 80% од капацитетот, на ист начин како кај „паметен“ телефон, бидејќи полнењето се успорува пред крајот на процесот – сѐ со цел да се заштитат ќелиите на акумулаторот. 

Колкава е возната автономија на целосно наполнетиот акумулатор?

Во моментот Волво електричните камиони нудат автономија до 300 км. Меѓутоа автономија во голема мера зависи од надворешните услови, како што се временските прилики и отпорот кој го создава ветерот, масата на камионот, стилот на возење. Автономија и работниот век можат да се продолжат со употреба на економичен режим на возење, обука на возачите и  внимателно следење на упатствата за полнење и управување со акумулатори.  Волво внимателно ги разгледува специфичностите кај секој купувач и ги изработува возможните рути и стратегии за наплата. Сопствениците можат да ги користат дигиталните алатки за пратење и планирање на употребата на камиониот, со што начинот на полнење може да се подобри со текот на времето.
 

За кој систем на полнење се прилагодени Волво камионите?

ДЦ полнење со помош на приклучок ЦЦС2 до 250 kW (600-750 V) и АЦ полнење со помош на приклучок тип 2 до 43 kW. 

За кој вид на транспорт се најсоодветни електричните камиони?

Целосно електричните камиони се идеални за транспорт на стока во градови и нивната околина на однапред дефинирани рути, кои вклучуваат враќање во базата на крајот на работниот ден заради полнење на акумулаторот. Дистрибуцијата, урбаното градење и собирањето на отпад (најчесто за градска и општинска власт) се примери за сегментите кои рано ги имаат прифатено електричните камиони. Меѓутоа, капацитетот на тешките електрични камиони на Волво сега овозможува и транспорт на роба помеѓу градови.

За кој вид на транспорт не се соодветни електричните камиони во моментот?

Електрификацијата на возила со акумулатори и возила на горивни ќелии ќе биде возможна во сѐ повеќе сегменти. Во овој момент главните предизвици се транспортот на други релации поради недостатокот на инфраструктура за полнење, но затоа сите електрични камиони, онаму каде што постои можност за полнење со струја, успешно може да се применат во тешкиот камнионски транспорт во дрвната, градежната и рударската индустрија.
 

Како се разликува носивоста, споредбено со камиониот со дизел мотор?

Тоа зависи од примената и спецификацијата на возилата. Акумулаторите додаваат на тежина и за да би можело тоа да се компензира, регулативата на Европската Унија дозволува дополнитена вкупна маса во висина на еден тон. Одлуката и примената за зголемување на вкупната маса се препуштени на секоја држава поединечно.
 

Која е разлика помеѓу возила кое се движат со напојување на струја од акумулатурот и технологијата на ќелии за гориво?

Електрично возило со погон на струја од акумулатор (БЕВ) користи енергија која е складирана во акумулаторите, кои се наполнети со електрична енергија од мрежата. Електричното возило кое користи технологии на ќелии за гориво (ФЦЕВ) користи водород кој се претвара во електрична енергија додека возило работи-додека се движи.