На транспортните компании и фирмите кои вршат долголиниски меѓународен транспорт, Волво Македонија ВТЦ до 1 декември 2020 год. нуди можност да вашиот возниот парк биде обновен или проширен со најбарните влекачи од Volvo FH I-save технологија за заштеда на гориво од актуелната серија Classic.
Тоа се најштедливите, реално докажани, произведени Волво влекачи со турбокомпаунд мотори од 13 литри запрменина, Глобтротер кабина, пакет спојлери на кабината, резервоари за гориво со вкупна запрменина од 1350 литри, кожа на воланот, ладилник во кабината, индикатор за осовинско оптеретување и со многу друга опрема од специјалната спецификација за серијата Classic.
Освен исклучително опремените возила, на потенцијалните купувачи се нуди можност, индивидуално да се определат и за некој од сервисните договори (на пример, златен договор кој овозможува четиригодишна експлоатација без непредвидени дополонителни трошоци) или за некој дриг сервисен ангажман. Оваа акција овозможува на клиентите да со најштедливиот Волво камион да обезбедат и сервисни услуги прилагодени на сопствените потреби по најповолни услови.
Исто така, флексибилни се и условите на Волво финансирање кои се прилагодуваат на платежните можности на клиентите, приливот на средства и временската(сезонска) динамика на нивното работење. Условите сега се уште поповолни затоа што се дел од големата Волво акција.