За време на пандемијата на корона вирусот , поголемиот број на сервиси на компанијата Volvo Trucks ширум светот останаа отворени. Во Македонија сервисната работилница беше достапна на нашите клиенти. Меѓутоа, погоните за производство мораа да бидат затворени во средината на Март кога глобалниот ланец на снабдување беше пореметен.
Компанијата Volvo Trucks и понатаму ќе се фокусира на овозможување помош на транспортерите како би нивните камиони продолжиле со работа и доставувале производи кои се клучни за општеството.
“ Возачите на камиони, техничарите и транспортерите вложуваат херојски напори за време на оваа криза и наша обврска е да им помогнеме да ја извршуваат својата работа “ – изјави Драгана Крстиќ, генерален директор на Волво Македонија.