Камиони

Еден прозорец кон дигиталниот свет

Дигитализацијата брзо го преобликува општеството, а транспортната индустрија не е исклучок. Карина Холм, менаџер на одделот за услуги во Volvo Trucks, објаснува како лансирањето на Volvo Connect, со еден единствен интерфејс за информации и услуги, ќе им ги олесни животите на клиентите.
Карина Холм
Карина Холм, менаџер на одделот за услуги во Volvo Trucks, верува дека Volvo Connect ќе ги поддржува клиентите во нивното стремење кон зголемување на профитабилноста и ефикасноста.

Какво влијание има дигитализацијата врз транспортната индустрија?
Кога сѐ ќе се дигитализира, се појавуваат нови можности и се менуваат однесувањата на клиентите. Многу нешта се движени од софтвер со многу податоци, аналитика и ВИ. Софтверските платформи кои се појавуваат, како Uber и Airbnb, ги менуваат бизнис-моделите и се предизвик за многу од поставените норми.

Ако ја погледнеме денешната транспортна индустрија, можеме да видиме многу непотребно расфрлање. На пример, камионите вообичаено не се искористуваат максимално за време на нивниот животен век. Преку дигитализацијата и податоците, постои вистински потенцијал за креирање услуги кои ќе го намалат непотребното расфрлање во транспортниот систем.“

Какви посебни можности можете да видите?
„Најважно е да можеме да им ги олесниме и поедноставиме животите на нашите клиенти, со тоа што ќе им овозможиме достапност до релевантните информации кога ќе им бидат потребни. На пример, поврзаноста може да помогне да се следат возилата во реално време, да се подобри времето во возна состојба преку следење на камионот и превентивно одржување. Другите дигитални услуги можат да помогнат да се намали администрацијата и да осигурат усогласеност со прописите.

Има многу добивки што можат да се остварат. Поради тоа е важна соработката со клиентите, бидејќи тие знаат што носи најголема вредност во нивниот бизнис, па заедно ќе можеме да креираме оптимално решение.“

Што е Volvo Connect?
„Volvo Connect е единствен интерфејс за пристап до валидни информации, добивање вести и пристап до функции и услуги. Ова ги вклучува и дигиталните услуги на Volvo Trucks и услугите од даватели на услуги од трети страни. Накратко, Volvo Connect му обезбедува на корисникот еден прозорец кон целиот дигитален свет. Тоа ќе ни овозможи да ги поддржиме нашите клиенти во нивните стремежи кон профитабилност и придобивки за ефикасност, а со тоа ќе им помогнеме да ги намалат трошоците, да го зголемат профитот и да се усогласат со законските барања.“

Кои конкретни потреби Volvo Connect ќе помогне да се задоволат?
„Една од пречките во моментов е тоа што на клиентите често им требаат повеќе интерфејси за пристап до целиот спектар на достапни информации и услуги. Но, со комбинирање на сè во еден единствен интерфејс, Volvo Connect значително ја подобрува леснотијата и удобноста. Во моментов, тоа ги вклучува Dynafleet, планирањето сервиси и некои од другите дигитални услуги што ги нуди Volvo Trucks, како и три дополнителни функции: Статус на возилото, извештај за безбедноста и пристап до податоци. Со текот на времето, ќе ја прошируваме достапната содржина и клиентите ќе можат да избираат од широк опсег на различни услуги и алатки, од нас и од избрани партнери. Тоа ќе им овозможи на клиентите да го прилагодат Volvo Connect на нивните специфични потреби и да ги изберат услугите кои најмногу ќе придонесат за нивниот бизнис.”

За Volvo Connect

  • Volvo Connect ќе обезбеди еден единствен дигитален интерфејс со што ќе го олесни пристапот до валидни информации, функции и услуги суштински за водење успешни операции.
  • Volvo Connect ќе биде пуштен во септември 2018 година. Редовно ќе биде ажуриран и прошируван во наредните години.