Моќен и продуктивен со ниски емисии. Volvo FE CNG со погон на гас е совршен за собирање и испорака на отпад и други задачи каде што слабиот шум и намалените еколошки влијанија се конкурентни карактеристики.
Многу градови ширум светот бараат алтернативи за камионите погонувани со дизел. Обновливите горива се честопати услов за добивање договори, особено кога се работи за управувањето со отпад. Со Volvo FE CNG, на компаниите кои работат во урбана средина сега можеме да им понудиме камион со значително помало влијание врз животната средина.
Комбинирајте го погонот со ниски емисии со кабина со низок влез којашто е лесна за влегување, којашто придонесува кон градската безбедност и ја олеснува работата за вашите возачи.