Камиони

Македонија

×
Ве вади од тесните места

Ве вади од тесните места

Управливоста на Volvo FE

Мал радиус на свртување. Одлична прегледност. Паметна трансмисија. При секое свртување, свиок и разделување на патот. Volvo FE е опремен со доволно одлики за да се пробиете низ урбаниот лавиринт.

Придвижете се

Тесни патишта, густ сообраќај и рок за испорака кој треба да го исполните? Способностите за маневрирање на Volvo FE ви помагаат да го поминете дури и најтешкиот работен ден без капка пот.

Volvo FE без проблем ве води низ тесните улички на градот
Volvo FE грациозно ве превезува до претходно недостижни места

Тесно место? Нема мака

Малиот радиус на свртување ве штеди од постојаното враќање наназад. Ретровизорите ги минимизираат слепите точки. Интелигентната трансмисија I-Shift совршено и навремено го менува степенот на пренос. А, напредната ергономија на возење го симнува напорот од секое движење.

Вистинската насока

Седнете зад управувачот. Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks и лично искусете ја извонредната способност за маневрирање на Volvo FE.