Камиони

Volvo Trucks го одбележува Светскиот ден за заштеда на енергијата на 14 февруари

Важноста на користењето на енергијата, потрошувачката и влијанието на енергијата врз одржливоста на глобалниот екосистем, животот и развојот е прашање кое е важно за сите нас.
Volvo Eko FCB MKD

Би сакале заедно, прво со нашиот личен пример, да влијаеме на подигање и будење на свеста за важноста на зачувувањето на енергијата.

Како општествено одговорна компанија, Volvo Trucks го применува принципот на одржливост во сè што прави. Како лидер во областа на електромобилноста, Volvo Trucks e една од првите компании која придонесе на намалување на влијанието врз климатските промени, почнувајќи од производството на целата гама на електрични комерцијални возила. За да ја забрза транзицијата кон поодржлив транспорт, Volvo Trucks има за цел да ја направи целата своја палета на производи без фосилни горива до 2040 година. Електричните камиони ќе играат клучна улога во постигнувањето на оваа цел.

Нашата цел е да ги едуцираме нашите клиенти, јавноста и заедно да направиме нешто добро за нашата планета.

Секој од нас може да даде свој придонес и да ја сфати во секојдневниот живот важноста да се свртиме кон одржливи неисцрпни извори или алтернативни форми на енергија со цел да го направиме енергетскиот систем доверлив.

Доколку сте сопственик на компанија, подобрете ја енергетската ефикасност во индустриските постројки со користење на обновливи извори на енергија со цел да се создадете самоодржливи системи, со користење на модерна, паметна, економична технологија.

Доколку сте поединец, со унапредување на енергетската ефикасност на куќите и становите, поставете добра изолација, заменете ја столаријата, користете ја рационално електричната и топлинската енергија во домот, заменете ги класичните LED светилки со штедливи светилки, користете дневна светлина секаде каде што е можно, исклучете ги повеќето електрични уреди додека не ги користите  и дајте го вашиот придонес земајќи во предвид начинот на кој се изградени зградите.

Економичното користење на енергијата не подразбира нарушување на квалитетот на животот, туку повеќе конкретни мерки и активности кои ќе доведат до промена на однесувањето и поодговорен однос на сите членови на општеството.

Ве покануваме да дадете свој придонес и заедно да го создадеме светот во кој сакаме да живееме.