Ширум светов, градовите растат бидејќи секоја недела три милиони луѓе се дослуваат во урбани средини.
“Градовите ги спојуваат луѓето, но бидејќи голем број на луѓе и возила го делaт истиот простор, пешаците и велосипедистите трпат голем број сериозни сообраќајни повреди несреќи со фатални исходи. Овој проблем треба да се реши на поширок фронт низ технологија и соработка.”, кажа Карл Јохан Алмквист, директорот за безбедноста во сообраќајот и производството во компанијата Volvo Тrucks.
Volvo Trucks ја постави безбедноста како една од своите основни вредности во текот на својата 90-годишна историја и го зазрема повеќестраниот пристап во безбедноста во сообраќајот.
Опфаќа повеќе сфери, од истражувања во безбедноста и сообраќајот, преку развојот на безбедносните технологии за возилата, како што се поддршката за останување во правата лента (Lane Keeping Support) и внимавање на судири со кочење во изненадни ситуации (Forward Collision Warning with Emergency Brake), до обуки на возачите и развојот и производство на побезбедни возила. Друг исто така важен дел претставуваат програмите за подигање на свеста за безбедноста на сообраќајот како што се “Застани, погледни и мафни” и “Види и биди виден”, кои се наменети на децата и велосипедистите.
“Бидејќи возачите, велосипедистите и пешаците ги делат истите патишта, исклучително е важно да ги разбираат потребите и оганичувањата на едните од другите. Како производители на возила можеме многу да направиме за да се увериме никој да не биде повреден во несреќите со некои од нашите возила и да го зголемиме општото ниво на свесност за безбедноста на патиштата. Имаме визија бројот на несреќи да го сведеме на нула”, кажа Карл Јохан Алмквист.
Во моментов многу градови сакаат да се соочат со овој проблем на поширок фронт. Десетици големи градови ширум по светов го завземаа пристапот “vision zero” кога станува збор за повреди во сообраќајот. На пример, во Лондон градската транспортна служба, “Транспорт за Лондон” има цел, до 2041.
Година озбилните повреди и смртните случаеви на своите патишта да ги сведе на нула и со 80% од вкупните патувања на жителите на Лондон да се изведува пешки, со велосипед или со користење на јавен превоз.
За да ја оствари својата визија, градот Лондон спроведува голем број мерки за подобрување на баезбедноста на патиштата, од намалување на ограничувањата на брзината до подобрување на примена на законот, како и реконструкција на улиците и најопасните раскрсници во градот.
“Транспорт за Лондон” го постави намалувањето на опасноста на патиштата во самиот центар на носење на одлуките и тесна соработка со загрозените кориснички групи на патишта и производителите на возилата, вклучувајќи го и Volvo Тrucks.
“Потребно е превозниците да ја зголемат безбедноста на својата флота” кажа Вил Норман, комесарот за шетање и велосипедизам во ‘Транспорт за Лондон”.
Една од најважните иницијативи која компанијата “Транспорт за Лондон” ја покрена е развојот на првиот Стандард за директна видливост (Direct Vision Standard - DVS) за тешките возила во градот. Според нацрт предлогот, сите возила со поголеме маса од 12 тона ќе мораат да поседуваат високо ниво на директна видливст од кабината или други еквивалентни мерки на безбедност за да можат да работат во Лондон до 2020. година.
“Директната видливост од кабината на камионот докажано има големо влијание на намалување на опасноста за луѓето кои шетаат или возат велосипед бидејќи мртвите агли се клучни фактори во судирите”, кажа Вил Норман.
Обезбедување на одлична видливост во возилата е важен дел од филозофијата за безбедноста на компанијата Volvo Trucks. Од посебно значение во развојот и производството на возилата за градска средина, како што се случаевите кај подобрената Volvo FE Low-Entry Cab линијата на возилата, кои имаат значително ниска шасија и можност на зголемување на видливост со која се покрива и поголем дел на вратата на кабината. Додатните прозори на возачот му овозможуваат директна видливост од бочната страна на возилото.
“Ова претставува крајна средство за постигнување на максимална директна прегледност бидејќи како возач сте скоро на ниво на линијата на окото со велосипедистите и пешаците на пат’, кажа Клаес Аведал, менаџер за безбедност на компаијата Volvo Trucks.
Камионите кои се движат во градовите исто така треба да станат посигурни со помош на подобрената технологија за откривање на загрозени корисници на патишта кои се наоѓаат околу возилата. Во проектот Xcycle, кој е финансиран од Европската унија, Volvo Trucks, соработува со компаниите и истражувачките институти, а една од технологиите вклучува и ситем за детекција на велосипедисти.
“Скоро 40 посто од несреќите помеѓу камион и велосипедисти се случуваат на патничката страна на возилото.. Тоа е најкритичната точка во текот на свртувањето на десно. Во проектот “Xcycle” сакаме да дознаеме како можеме да ги намалиме овие видови на несреќи со комбинирање на системот за детекција во внатрешноста на возилото и интелигентниот градски сообраќаен систем користејќи Wi-Fi.
И возачите на камионите и велосипедистите ќе добиваат предупредување за опасни ситуации”, кажа Џером Вигнерон, менаџер на проектот Xcycle во компанијата Volvo Trucks.
Резултатите од проектот ќе бидат претставени во ноември оваа година.
“Овој проект е совршена прилика да придонесеме на нашата цел за намалување на бројот на сообраќајни несреќи на нула”, кажа Џером Вигерон
Во иднина можеме да очекуваме повеќе безбедносни барања. До 2023. година Европската комисија треба да имплементира технолошки стандарди за откривање на загрозени корисници на патишта. Исто така, се очекува и стандардите за прегледност за тешките возила да се имплементираат. “Многу е позитивно да се видиди применување на сериозни интервеции за безбедноста во сообраќајот.
Заедно сме во ова – сите учесници во сообраќајот мораат да бидат вклучени за да ја подобрат безбедноста на патиштата во нашите градови”, кажа Карл Јохан Алмквист.
Терминологија:
“Загрозен корисник на патишта” претставува термин за група на корисници на патишта со голема стапка на повреди или незгоди, а тоа се воглавно пешаците, велосипедистите и мотоциклистите.
Факти: 4 начини за заштита на загрозените корисници на патиштата во градовите
1. Подобро проектирање на улици
Со намалување на брзината на возилата и одвојување на моторните возила и загрозените корисници на патишта користејќи подигнати тротоари и заштитни траки за велосипеди може значително да влијаеме на безбедноста. Ве проктирањето на раскрсниците, многу може да помогне посебно внимание посветено на намалување на конфликти во раскрниците помеѓу велосипедистите и возилата кои скршнуваат (вртат).
2. Свест за безбедноста на патиштата
Да се зголеми свесноста за ризиците кај сите корисници на патиштата со подобра обука за безбедноста на возачите и подигање на свеста за ризиците за загрозените корисници на патиштата. Програмите за подигање на свеста за безбедноста на патиштата на компанијата Volvo trucks:”Застани, погледни, мафни” и “Види и биди виден” претставуваат програми смислени за да спречат несреќа со подобра свест за безбедноста и се користат во повеќе од 20 држави.
3. Нова технологија
Технологијата која ги открива загрозените корисници на патиштата се развива за ситуации како што е возило кое “сече” пат да велосипедист кој доаѓа. Исто така, возилата опремени со странични сензори можат да ги намалат повредите на загрозените корисници на патиштата во сообраќајните несреќи.
4. Подобра видливост
Подобрена директна и индиректна видливост во возилата со помош на прозорите и подобри огледала, камера и возила со пониска шасија можат значајно да придонесат кон безбедноста во градовите. Логистичките компании можат да допринесат кон безбедноста со бирање на вистински камион за права задача за да се избегнат големи камиони или премногу камиони во центарот на градот.
Директен линк со слики во виока резолуција:: http://images.volvotrucks.com/latelogin.jspx?recordsWithCatalogName=Volvo+Trucks:35315,Volvo+Trucks:35314,Volvo+Trucks:35313,Volvo+Trucks:35312,Volvo+Trucks:35311,Volvo+Trucks:36039#1533512659502_0