Камиони

Сопствениците на камиони Volvo за прв пат зад воланот на електричните верзии!

Во средината на септември, претставници на педесетина компании од регионот на Adriatic South, кои поседуваат камиони на Volvo, имаа исклучителна можност, како дел од специјално организирана посета, за прв пат да седнат зад воланот на неколку модели на целосно електрични камиони Volvo во Гетеборг.

Посетата, одржана под слоганот Together Towards Zero (Заедно кон нула), имаше за цел да ги запознае сопствениците на камионите на Volvo со конвенционални дизел мотори со најновите достигнувања на Volvo Trucks во развојот и примената на алтернативни погони, пред сè електрични и течен природен гас (LNG). Во групата од педесетина гости беа претставници od пет компании од Македонија со големи флоти на камиони Волво, кои од страна на домаќините прво теоретски, а потоа и практично беа запознаени со сега масовно произведените влекачи кои се напојуваат не на дизел, туку на струја и природен гас.

На тест патеката на демо центарот на Volvo, на периферијата на Гетеборг, во близина на главниот производствен комплекс на Volvo во Тува, гостите за прв пат имаа можност да возат електрични влекачи од семејствата FH и FM. Сите беа едногласни во своето мислење дека новите возила ги воодушевија и силно ги импресионираа во секој поглед: за исклучително забрзување, моќност, тивко работење, лесно управување, но и за технологијата што Volvo ја примени во развојот и производството на камиони на доаѓањето на електричната ера. Волво уште еднаш им потврди на гостите дека е лидер во електрификацијата на возилата на светската сцена на камиони и тоа не само со техничките решенија на новите возила, туку и со тоа што прв во индустријата ги воведе во сериско производство електричните модели од сите пет конвенционални семејства.

Сè уште под силни впечатоци од тест патеката, гостите имаа можност да се запознаат со комплетниот процес на склопување на камионите на Volvo во централната фабрика во Тува - од влегувањето на намотките со челичниот лим од кој се наоѓа рамката на шасијата направен, до завршниот преглед на готовиот камион, на последната „станица“пред да излезе од фабричката хала. Во исто време, гостите можеа се уверат дека едни од најтешките верзии на електрични камиони се веќе во редовно производство и дека се монтираат на иста линија како и возилата на дизел и моторите на течен природен гас, во иста монтажна трака – еден позади друг.