Камиони

Две години успешно работење на новиот центар Волво Македонија

Поради ограничувањата од пандемијата, отворањето на Volvo Truck центраот во скопското предградие Ќојлија/Петровец, свечено се одбележа на 24 јуни 2022 година

Во присуство на повеќе од 220 гости од околу стотина компании - лојални купувачи на камионите Volvo и други достоинственици од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Шведска, со пригодна свеченост се одбележа втората година од успешното работење на Volvo Truck центарот кој се наоѓа спроти Меѓународниот аеродром Скопје, во Индустриската зона Ќојлија. Модерниот продажно-сервисен објект е изграден и опремен по највисоките важечки стандарди кои Volvo Trucks ги применува за ваков тип објекти во Европа. Тој зафаќа површина од 12.500 м2, од самиот објект располага со површина од 1.650 м2. Во центарот се сместени, сервисот, продажбата на нови и користени возила како и ВСФИ – Волво финансискиот сервис.

Потсетуваме дека центарот започна со работа на 26 октомври 2020 година, во време на најагресивната појава на вирусот Ковид-19, па церемонијата, вообичаена за ваков важен настан, беше одложена за подобро време. Но, во изминатите две години, без соодветното сечење на лента, новиот објект работи со полн капацитет. Сите корисници на услугите на новата „куќа“ на Volvo Trucks Македонија изразија целосно задоволство од нејзините двегодишни активности. Тоа уште еднаш го потврдија на официјалната церемонија и на домаќините им посакаа уште поуспешна работа во наредните години.

Во работниот дел од церемонијата, со која беа одбележани 22 години од бизнисот на Volvo Trucks во Македонија, на гостите им се обрати претставникот за продажба на нови возила во Volvo Trucks Македонија, Ванчо Чичаковски, директорката на Volvo Trucks Adriatic South Region, Драгана Крстиќ, вишиот потпретседател за продажба за централниот регион Исток и Исток во Volvo Trucks, Роберт Гроздановски и генералниот директор во Adriatics и Cross-Border во Volvo Financial Services, Мими Илиоска. Пред гостите беше претставен целиот тим на новиот центар, кој е најзаслужен за високиот углед што Volvo Trucks го ужива меѓу стотиците клиенти - транспортни, градежни и други компании во Македонија.

Како што е вообичаено на ваквите прослави, домаќините сечеа специјално обликувана торта, следеше огномет, а потоа во забавниот дел, кој траеше до раните утрински часови, настапија две музички групи и, секако, секогаш незаменливите трубачи. На разделбата, гостите беа едногласни: атмосферата беше одлична, забавата беше фантастична!