Нов независен тест беше извршен во Германија со неодамна ажурираниот пакет I-Save на камион Volvo FH. Овој тест покажа одлични резултати. Просечната потрошувачка е речиси 18% помала во споредба со истиот модел на тестот направен пред 4 години.
На тестот, кој беше спроведен од угледниот независен германски магазин Trucker, учествуваше камиониот Volvo FH 460 опремен со пакетот за заштеда на гориво I-Save. Влекачот, полуприколката и товарот имаа вкупна маса од 32 тони. За пробната рута од околу 343 километри, беа избрани јавните патишта во јужна Баварија, вклучувајќи автопат, ридски терен и тесни патишта.
Во споредба со истиот тест, извршен во 2018 година, пред Volvo да го претстави пакетот за заштеда на гориво I-Save, новата верзија на Volvo FH 460 постигна импресивен комбиниран просек на дизел од само 21,48 литри на 100 km, или околу 18% помалку отколку четири години порано.
Одличните ефекти на пакетот I-Save се постигнуваат со напредни подобрувања во технологијата на турбо соединенија, „попаметен“ нов софтвер и попрефинета аеродинамика. Ниската потрошувачка на агентот AdBlue е уште поважна со оглед на неговата драстично зголемена цена. Во последната година неговата цена, на некои пазари е зголемена за повеќе од 100%. Во новиот тест, Volvo FH успеа да ја задржи потрошувачката на AdBlue на ниски 6% од вкупната потрошувачка на дизел.