Камиони

Седум ветувања за целосно задоволство од поседувањето на Volvo камионите

Задоволниот клиент со децении претставува еден од основните постулати Volvo Trucks. Тоа е вткаено во сите сегменти на нашите активности во текот на целиот процес. Од склучување договор за купување на нов камион, негово производство и испорака, до одржување и обука како да се направи камионот Volvo да биде што е можно попрофитабилен за време на неговата долгорочна експлоатација. Во секој контакт со сопственикот, возачот или новиот клиент, се држиме до седум непишани ветувања.

Топло добредојде на Volvo: Се обврзуваме дека секогаш ќе им посакаме добредојде на корисниците на нашите услуги (сопственици, возачи, клиенти) на љубезен и професионален начин.

Во пресрет на потребите на нашите клиенти: Ние се стремиме да го разбереме целиот бизнис на нашите клиенти и да ги понудиме најдобрите решенија за сигурно, економично и безбедно искористување на камионите на Volvo.

Јасен договор: Ја цениме прецизноста и сме посветени на постигнување јасен договор за она што треба да го испорачаме - и возилото и услугата

Отворен дијалог: Ние сме транспарентни; доколку се променат околностите, се обидуваме да постигнеме нов, заемно коректен договор со клиентот.

Вистинското решение при првиот обид: Преземаме одговорност да го испорачаме бараниот производ или услуга строго според дефинитивниот договор и на време.

Испорака од прва класа: Ветуваме првокласнаиспорака на нашите производи и услуги.

Достапни: Ние сме посветени секогаш да бидеме достапни за клиентот кога му е потребна нашата професионална поддршка.