Камиони

Нашата иднина е дигитална и електрична

„Децениите, подобро кажано годините кои доаѓаат во транспортната индустрија носат револуционерни промени. Првенствено максимална дигитализација на многу сегменти, универзална поврзаност - возила, возачи, производители и сервис, целосна електрификација на возилата, автономно возење. Volvo Trucks е веќе подготвен за повеќето од тие предизвици“.

Тргнавме на време за да се соочиме со таа нова ера. Volvo Trucks ја има најголемата палета на целосно електрични тешки камиони во камионската индустрија ширум светот. Како одговор на ова, веќе одржавме обуки за сервисери во Македонија за сервисирање на електрични камиони. И тоа не на класичен, туку на виртуелен начин!

Направивме уште еден чекор во иднината: благодарение на апликацијата Trucks Builder. На нашите потенцијални клиенти им овозможуваме да го „создадат“ своето ново возило од фотелјата, да „прошетаат“ до идното возило, да ја отворат вратата и да погледнат внатре.

Во исто време, Volvo Trucks континуирано ги подобрува своите камиони со дизел погон, постигнувајќи извонредни резултати. За илустрација - за само четири години, благодарение на најсовремените електронски системи и промените во механичките компоненти, просечната потрошувачка на влекачите на долги релации е намалена за цели 18 проценти!

Новите клиенти ги препознаа овие и други напредни карактеристики на камионите на Volvo. Клиентите кои порано ги купуваа нашите возила сега повторно се одлучуваат за бренд кој е симбол на доверливост, робусност, издржливост, економичност, профитабилност, удобност, долговечност.

Еден од главните постулати на нашиот бизнис е токму задоволството на клиентите и корисниците на сервисните и другите услуги. Во остварувањето на таа цел, инсистираме на седум непишани ветувања.

Добредојдовте во светот на многуте исклучителни Volvo камиони.

Ванчо Чичаковски, комерцијален директор на Volvo Trucks Macedonia