Камиони

Креирајте го и искусете го вашиот нов камион

На купувачите на камиони на Volvo им се нуди можност лесно и брзо да го „создадат“ својот иден камион од мобилен телефон или компјутер, со помош на апликацијата Volvo Truck Builder

 

Современите информатички технологии олеснуваат, поедноставуваат и забрзуваат многу животни и деловни процедури. Меѓу производите што може да се „создадат“ од фотелјата, пристигнаа и камионите на Volvo. Самата апликација се инсталирана на мобилен телефон или истата може да се пристапи од таблет, лаптоп или компјутер. Идните сопственици на камиони Volvo ќе бидат воодушевени од тоа колку лесно можат сами да го конфигурираат новиот камион, со што ќе ја забрзаат и поедностават прецизната спецификација на возилото за себе и за продавачот.

Апликацијата Volvo Truck Builder го претставува првиот чекор пред да започнете преговори за купување на ново возило. Во самата апликација се избира намената на возилото, типот на шасијата (соло камион или трактор), моторот, бројот на оските, типот на кабината, неговата боја, нивоата на надворешната опрема, типот на фаровите, нивоата на внатрешната опрема, боите и видовите на тапацир на седиштата.

 

Кога идниот сопственик креира камион по сопствена мерка, му се нуди можност да го види возилото во „проширена реалност“ и да го „доживее“ својот нов камион како истиот штотуку да го напушта продажниот центар. Уште повеќе, тој може дури и да „прошета“ покрај него, да ја отвори вратата и да погледне внатре, да го „изнесе“ надвор и да види како ќе изгледа на реални задачи. Апликацијата овозможува секоја функција детално да се истражи за да му даде на потенцијалниот сопственик чувство за тоа како би било да поседувате нов камион Volvo.

Кога идниот сопственик виртуелно го „создава“ и „доживее“ новиот камион, тој го испраќа на дефинирана адреса за е-пошта или контактира со најблискиот продавач за дополнително да разговара за неговите барања.

 

Апликацијата моментално опфаќа четири сегменти: регионален и транспорт на долги релации, транспорт на руда и камен и градежен транспорт. Асортиманот на моделите во моментов вклучува камиони FH, FH16, FM, FMX. Изборите на моторот во апликацијата се (дизел, LNG), менувач (I-Shift, двојна спојка, Crawler Gears, Powertonic), надворешни опции (кабина, бои, нивоа на опременост, фарови), опции за шасија и оски, опции за внатрешни работи (нивоа на опременост и седишта).