Камиони

Понуда за целосен ремонт на мотор. Уникатен Volvo квалитет. По многу привлечна цена.

Нов живот на вашиот мотор

Сега е достапен пакет од Volvo за целосен ремонт на моторот.
За зачудувачки конкурентни цена.

Очекувајте долгорочна сигурност. Нашите мотори со врвен квалитет се репарирани
со 100% оригинални делови на Volvo. Испорачани до вас за кратко време. Тоа е ветување.

Мотор – репариран со Volvo квалитет

Ново ремонтиран мотор со 100% оригинални делови на Volvo. Репариран од
Volvo. Монтиран од сервисери на Volvo во сервисна работилница на Volvo. Нуди целосна заштита со
истата гаранција како за сосема нов мотор на Volvo. И брза испорака.

Пример за цена: Volvo D13C, број на дел 85001639
Инсталирано во сервисна работилница на Volvo
Сега од €00,00
Склопено и готово во камионот.

За инсталација во ваша работилница
Сега од €00,00

Изберете ја најдобрата опција за вас

Репариран мотор поставен во наша сервисна работилница? Или комплет за
ремонт на мотор монтиран во ваша сервисна работилница. Опциите се бројни.
Можеме да ви помогнеме да го најдете пакетот кој ви одговара.

Комплет за ремонт на мотор – Долен дел на моторот

Сите делови потребни за ремонт на моторот, освен главата на цилиндарот.

  • Комплет облоги за цилиндар
  • Комплет големо лежиште за клипник
  • Комплет главно лежиште
  • Комплет потисни подлошки
  • Комплет за декарбонизирање

Инсталирано во сервисна работилница на Volvo 00,00 €

Склопено и готово во камионот.

За инсталација во ваша работилница 00,00 €

Комплет за ремонт на мотор – за горен дел на моторот

Целосна глава на цилиндар глава со:

  • Глава на цилиндар, репарирана
  • Брегаста оска
  • Клацкалки
  • Комплет горни дихтунзи за моторот

Инсталирано во сервисна работилница на Volvo од €00,00
Склопено и готово во камионот.
За инсталација во ваша работилница од €00,00

Кога треба да комбинирате комплети за долен дел или горен дел на моторот со ново турбо.

  • Турбокомпресор
  • Вбризгувачи

Инсталирано во сервисна работилница на Volvo од €00,00
Склопено и готово во камионот.
За инсталација во ваша работилница од €00,00

Краток блок

Комплетен блок на моторот со:

  • Блок на цилиндар
  • Облоги за цилиндар
  • Клипови
  • Клипник
  • Млазница за ладење на клипот
  • Коленесто вратило
  • Главни лежишта
  • Комплет големи лежишта за клипник
  • Дихтунзи

Инсталирано во сервисна работилница на Volvo од €00,00
Склопено и готово во камионот.
За инсталација во ваша работилница од €00,00

Зошто е време за ремонт на моторот?

Бесплатно ажурирање на статусот на мотор!

Репарирано со квалитет на Volvo

Разменетите делови на Volvo се технички нови. Тие го нудат истиот квалитет, издржливост и високи перформанси како новите оригинални делови на Volvo.

Овој филм покажува како Volvo им дава нов живот на старите јадра. Чистењето, инспекцијата и тестирањето на компонентите гарантираат дека репарираните разменети делови на Volvo работат како нови во најтешките работни услови на земјата.

Со сите погодности

Планирате сами да ја завршите работата? Комплетот на Volvo за ремонт на моторот содржи сè што ви е потребно за задачата. Нема потреба за какво било дополнително одење во продавница.

Оригинални Volvo делови

Произведени од истата компанија која го направила камионот. Оригиналните делови на Volvo нудат врвно вклопување, квалитет и перформанси на кои може да се потпрете.

 

Квалитетот на Volvo за трајност

Се исплаќа да се инвестира во мотор и делови со најдобар квалитет. Вашиот камион ќе работи посигурно во ваша сопственост. Исто така е поверојатно дека ќе добиете повеќе за него кога ќе дојде време да се продаде.