Volvo прави уште еден чекор кон транспорт со нето нула CO₂ емисии со започнување на тестирања на патишта на тешки камиони со мотори на согорување напојувани со водород.
Volvo камионите на водород ќе понудат врвни перформанси во индустријата, со поголема енергетска ефикасност, пониска потрошувачка на гориво и зголемена моќност на моторот во споредба со конвенционалната технологија на водородни мотори.
Ова е овозможено благодарение на технологијата High Pressure Direct Injection (HPDI), каде што мала количина гориво за палење се вбризгува под висок притисок за да се овозможи компресиско палење пред да се додаде водород. Volvo веќе ја користи оваа технологија во своите камиони на гас, со повеќе од 10.000 продадени единици ширум светот.
„Тестирањето на патишта претставува важна пресвртница за нашите камиони со водородни мотори. Убеден сум дека ќе бидат најдобри во индустријата кога станува збор за потрошувачка на гориво, моќност, вртежен момент и возливост. Клиентите ќе можат да ги користат исто како дизел камиони. Нашето искуство со HPDI технологијата во повеќе од 10.000 камиони на гас е силен доказ за нејзините перформанси“, вели Јан Хјелмгрен, директор за управување со производи во Volvo Trucks.
Камионите со водородни мотори се особено погодни за подолги релации и за региони каде што инфраструктурата за полнење е ограничена или нема доволно време за полнење на батериско-електрични камиони.
Volvo камионите со мотори на согорување напојувани со „зелен“ водород имаат потенцијал да постигнат нето нула CO₂ емисии „од извор до тркало“ кога се користи обновлив HVO како гориво за палење. Според договорените ЕУ стандарди за CO₂ емисии, тие се класифицирани како возила без емисии (ZEV).
Напредната Volvo технологија на водородни мотори е развиена од дизел погонскиот систем, обезбедувајќи перформанси слични на дизел со значително намалени CO₂ емисии.
Камионите на водород ја надополнуваат понудата на Volvo со други алтернативни решенија, како што се батериско-електрични камиони, камиони на горивни ќелии и возила кои користат обновливи горива како биогас и HVO (хидротретирано растително масло).
„Гледаме голем потенцијал за камионите со водородни мотори и тие ќе имаат важна улога во транзицијата кон транспорт без емисии. Ќе бидат потребни повеќе различни технологии за декарбонизација. Како глобален производител на камиони, нудиме разновидни решенија и им помагаме на клиентите да ја изберат најдобрата опција врз основа на транспортната задача, достапната инфраструктура и цените на зелената енергија“, вели Јан Хјелмгрен.
Volvo камиони на водород – факти:
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.