Камиони

Volvo Trucks повторно освои пет ѕвезди на тестот за безбедност на Euro NCAP за моделот Volvo FH

Volvo Trucks додаде уште два камиона на листата на модели кои добија максимална оценка од 5 ѕвезди според стандардите на Euro NCAP. Двете варијанти на Volvo FH со стандардна кабина се најновите што добија највисока оценка, потврдувајќи ја водечката позиција на Volvo во неговата основна вредност - безбедноста.
Volvo Trucks повторно освои пет ѕвезди на тестот за безбедност на Euro NCAP за моделот Volvo FH

По првите два круга на тестирање за безбедност на Euro NCAP, во кои сите тестирани модели на Volvo добија највисока можна оценка, Volvo FH со стандардна кабина сега се приклучува на таа група.

Досега, следните камиони на Volvo добија 5 ѕвездички според проценката на Euro NCAP:

• Volvo FM 4x2

• Volvo FM 6x2

• Volvo FH 4x2

• Volvo FH 6x2

• Volvo FH Aero 4x2

• Volvo FH Aero 6x2

„Уште еднаш добивме потврда дека Volvo го исполнува своето ветување - безбедноста е и секогаш ќе биде наш приоритет во сè што правиме“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. „Тоа не значи дека можеме да се опуштиме. Ќе продолжиме да ја подобруваме технологијата за да бидеме на чело на безбедноста за да ги заштитиме возачите и сите други учесници во сообраќајот.“

Сите споменати модели на Volvo ги исполнуваат и критериумите за безбедност во градот на Euro NCAP, благодарение на добрата видливост и високите перформанси на системите за активна безбедност на Volvo, кои се дизајнирани да ги заштитат ранливите учесници во сообраќајот во градски услови.

Волво беше првиот производител на камиони што ги постигна максималните 5 ѕвездички кога Euro NCAP го воведе својот прв рејтинг за безбедност за тешки комерцијални возила во 2024 година.

Оценката од 5 ѕвездички на Euro NCAP значи дека камионот ги исполнува или надминува критериумите како што се поддршка на возачот и избегнување судири, обезбедувајќи поголема безбедност на патот за возачот и другите патници.

Визијата на Volvo Trucks за иднина без сообраќајни несреќи е водечка ѕвезда на компанијата во континуираното подобрување на безбедноста на возилата и сообраќајот. Компанијата ќе продолжи да развива безбедносни системи кои не само што обезбедуваат заштита, туку и ги предвидуваат опасностите и ги ублажуваат последиците од несреќите.

За Euro NCAP:

Европската агенција за проценка на безбедноста на нови возила (Euro NCAP), со седиште во Белгија, е основана во 1996 година и брзо стана европски индустриски стандард за проценка на безбедноста на патничките автомобили. Таа е поддржана од неколку европски влади, вклучително и од Европската Унија.

Кога станува збор за тестирање на камиони, секој безбедносен систем добива индивидуална оценка, која потоа се агрегира по област. Врз основа на ова, се пресметува вкупна оценка на возилото од една до пет ѕвездички, при што пет ѕвездички ги претставуваат најдобрите перформанси.

Опсегот на тестирање на камиони вклучува:

• Безбедно возење: следење на возачот, видливост (директна и индиректна) и системи за помош на возилото (на пр. помош при брзина)

• Избегнување на судири: челни судири (со автомобили, пешаци и велосипедисти), судири при мала брзина и судири при напуштање на лентата

• По судир: информации за спасување.

Целта на Euro NCAP е постепено да го прошири опсегот на тестови со вклучување на заштита од судир во подоцнежна фаза, како и тестирање на камиони во различни транспортни сегменти.

За повеќе информации, контактирајте ги:

Милутин Маринковиќ

Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South

milutin.marinkovic@volvo.com

+381 63 10 90 245

 

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.