Volvo Trucks беше лидер на пазарот во Европа за тешки камиони (16 тони и повеќе) во 2025 година со пазарен удел од 19,0% - во споредба со 17,9% во 2024 година. Пазарите со најголем број регистрирани камиони на Волво во текот на годината беа Велика Британија, Франција, Полска, Германија, Литванија и Шпанија.
VOLVO FH Aero, камион за долги релации, ги освои срцата на многу европски превозници. Благодарение на подобрената аеродинамика и новите технологии, како што се дигиталните огледала на Волво со камери, VOLVO FH Aero може да обезбеди до 7% подобра ефикасност на горивото во споредба со стандардниот модел на Волво ФХ што го заменува. Вкупно, во текот на 2025 година, во Европа беа нарачани речиси 33.000 камиони FH Aero.
„Многу сме горди што сме лидер на пазарот во Европа втора година по ред. Нашата цел е да бидеме најдобар деловен партнер за нашите клиенти, а позицијата лидер на пазарот е силен доказ за довербата што нашите клиенти ни ја покажуваат. Тоа нè прави исклучително горди и сакам да им упатам голема благодарност на нашите клиенти и вработени за овој голем успех“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.
„Имаме првокласна палета на производи со камиони кои нудат исклучителна достапност, ефикасност на горивото и безбедност. FH Aero е нашата ѕвезда на долги релации. Од клиентите слушам дека добиваат извонредни перформанси и значителни заштеди на гориво со FH Aero.“
Водечка позиција во 30 земји
Глобално, Volvo Trucks е лидер на пазарот или втор најголем бренд во 30 земји во 2025 година.
Кон транспорт без фосилни горива
Volvo Trucks го предводи преминот кон транспорт без фосилни горива со цел да се достигнат нето нулти емисии до 2040 година, користејќи стратегија базирана на три технолошки насоки. Овој пристап вклучува електрични возила на батерии, електрични возила на горивни ќелии и мотори со внатрешно согорување кои користат обновливи горива како што се зелен водород, биогас, биодизел или HVO (хидротретирано растително масло).
„Ќе продолжиме да ги подобруваме и да воведуваме иновации во нови камиони кои придонесуваат не само за бизнисот на нашите клиенти, туку и за декарбонизацијата на нашата индустрија. Со инвестирање во повеќе технологии, можеме да понудиме транспортни решенија прилагодени на различните потреби на клиентите и пазари“, вели Роџер Алм.
„Европа“ значи Европската Унија, како и Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија (ЕУ30).
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.