На церемонијата присуствуваа голем број купувачи на камиони на Volvo и деловни партнери кои имаат долгогодишна соработка со големиот центар, сместен во близина на раскрсницата на главните патни правци низ Република Северна Македонија и во близина на Меѓународниот аеродром во Скопјe.
„Нашата долгорочна деловна стратегија во Источна Европа почна да се реализира пред 30 години, кога решивме да отвориме сервисни и продажни центри на Volvo во овој дел од нашиот континент. Прво започнавме во изнајмени објекти, а потоа изградивме сопствени центри за Volvo Trucks. Подоцна ја продолживме оваа практика во Чешка, Словачка, Унгарија и сите земји од поранешна Југославија. Денес во Источна Европа имаме 85 сопствени продажни и сервисни центри и 38 приватни партнери - првенствено во Полска и Украина. Решивме да го отвориме првиот сервис во Скопјe во 2000 година, поради зголемениот број на камиони Volvo во таа земја и потребата да ги доближиме нашите услуги уште повеќе до тогашните и идните сопственици на камиони Volvo. На крајот од 2018 година потпишавме договор за изградба на сегашниот, голем објект, вклучувајќи енергетска и еколошка одржливост. Се надеваме дека еден ден и овој објект нема да биде доволен за да ги задоволи сите барања на нашите клиенти и дека потоа ќе бараме нови локации за слични објекти во Република Северна Македонија“.
Роберт Гроздановски, Виш потпретседател - Продажна област Централен Исток и Исток.
Продажно-сервисниот центар во Скопје е еден од седумте меѓусебно слични објекти во сопственост на Волво во Југоисточниот регион, кој се занимава со продажба и сервисирање на камиони Волво во Србија, Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Покрај нив, уште двајца приватни партнери се занимаваат со овие активности во овој регион.
„Нашата цел беше да го подигнеме имиџот на брендот Волво во овие земји, а особено со отворање центар во Република Северна Македонија, и успеавме: моментално сме лидери на пазарот на овој и на други пазари во регионот.“
Драгана Крстиќ, Управен директор на Volvo Trucks Adriatic South Region.
Volvo Trucks е единствениот бренд во камионската индустрија во Република Северна Македонија кој има свој продажен и сервисен центар.
„Во изнајмениот простор, започнавме со четири вработени во 2000 година. Денес сме 17, во комплексот од 12.500 м2 има сервисна површина од 600 м2, магацин за резервни делови и административна површина исто така од 600 м2, а имаме и голем паркинг простор за клиенти, нови и половни камиони. Успеваме да ги задржиме нашите клиенти нудејќи им златни и сини договори за сервис, па лојалноста на сопствениците на камиони Volvo се зголемува од година во година, па веќе постигнавме дека дури повеќе од 80 проценти од корисниците на нашите услуги потпишале еден од овие договори.“
Ванчо Чичаковски, Комерцијален менаџер на Volvo Macedonia VTC DOOEL
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2024 година, ширум светот беа испорачани околу 134.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.