Volvo Trucks досега има испорачано повеќе од 10.000 камиони на гас на глобално ниво, откако компанијата ја воведе оваа технологија во 2018 година. Во моментов, Обединетото Кралство е водечки пазар, по што следуваат Германија, Шведска, Холандија, Норвешка и Франција. Нови пазари во подем за гас се Индија и Латинска Америка, каде што обемот на продажба континуирано расте.
Гасните мотори на Volvo се нудат во тешките серии Volvo FM, Volvo FH и Volvo FH Aero и можат без проблем да користат конвенционален LNG (течен природен гас) или био-LNG, нефосилен гас добиен од органски отпад кој го заменува LNG.
„Технологијата на гасни мотори на Volvo претставува водечко решение во однос на моќност, вртежен момент, одзив на моторот и ефикасност на горивото, а нашите клиенти исто така ги ценат силните перформанси, управливоста и севкупната удобност на нашите камиони на гас“, изјави Jan Hjelmgren, директор за управување со производи во Volvo Trucks. „Гледаме значителен потенцијал за камионите на гас како важен чекор на патот кон транспорт со нулта емисија.“
Камионите на гас на Volvo можат да поминат до 1.000 километри со едно полнење на резервоарот, што ги прави соодветни за долги релации и регионална дистрибуција, како и за градежни операции. Тие претставуваат практична алтернатива на други решенија со ниски емисии во време кога транспортните оператори и нарачателите на превоз бараат поодржливи опции.
Во повеќе земји веќе постои добро развиена мрежа на станици за полнење гас, со брзо проширување на достапноста на био-LNG. Меѓу примерите се Германија, Норвешка, Финска и Шведска, каде што сите станици за полнење гас сега го нудат ова гориво. Ова им овозможува на многу корисници да постигнат намалување на емисиите на CO₂ до 100% (Well-to-Wheel). На пазарите каде што постојат даночни олеснувања и јавна поддршка за обновливи горива и ниски емисии, био-LNG станува исклучително исплатлива алтернатива.
Напредната технологија на гасни мотори на Volvo е изведена од многу успешниот D13 погонски систем и обезбедува перформанси слични на дизел мотор, со значително намалување на емисиите на CO₂.
Камиони на гас на Volvo – факти:
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.