По серијата неодамнешни унапредувања на електричните, дизел и гасните погонски системи, Volvo Trucks ги претставува своите водечки модели FH Aero, FH, FH16 Aero и FH во целосно нова специјална серија, унапредена и однадвор и одвнатре.
Во кабината на Volvo 100 Year Edition направени се унапредувања за поголема удобност на возачот и попријатна атмосфера. Седиштата се редизајнирани со нов двобоен концепт и изработени со долен дел од премиум кожа, додека горниот дел од сив текстил е украсен со извезен јубилеен мотив. Детали од кафеава кожа, како преградата, се додадени во боја што одговара на декоративните линии на надворешниот дел од камионот.
Директорот за дизајн, Jonathan Disley, вели: „Камионот од серијата по повод 100-годишнината е прослава на сè што постигнавме во текот на изминатиот век и, во секоја смисла, е навистина посебен камион. Внатрешноста е модерна и премиум, но истовремено претставува и омаж на историјата на Volvo. Дизајнот е инспириран од нашето шведско наследство и професионализмот што произлегува од долгогодишните иновации и напредок, заедно со довербата и страста на нашите клиенти.“
Осветлени скали и светло за добредојде
Камионите од специјалната серија се опремени и со уникатни осветлени скали, како и со LED ленти на конзолата, кои може да се постават на црвено или бело амбиентално осветлување. Друга нова функција е светлото за добредојде – повторно со јубилејниот мотив – кое при отворање на вратата се проектира на подлогата пред камионот. Истиот мотив се наоѓа и на новите решетки за звучниците изработени со 3D печатење, додека завесите во кабината прикажуваат избор од различни модели на Volvo камиони од последните 100 години. Камионот е опремен и со подебела и полуксузна подна простирка, изработена во уникатна црно-сива mélange боја, со етикети од кафеава кожа.
„Оваа специјална серија го претставува врвот на дизајнот и производството на Volvo камиони во текот на изминатиот век – резултат на 100 години континуирано унапредување на безбедноста, квалитетот, удобноста на возачот, продуктивноста, економичноста на потрошувачката на гориво и намалувањето на емисиите“, вели Jan Hjelmgren, раководител за управување со производите во Volvo Trucks.
Камионите „Volvo 100 Year Edition“ ќе бидат достапни во повеќето погонски и шасиски конфигурации во кои моментално се испорачуваат моделите Volvo FH Aero, FH16 Aero, FH и FH16. Моделот Volvo FH неодамна доби значајни унапредувања на погонските системи за електричните, гасните и дизел верзиите, со што се подобрени перформансите, автономијата, енергетската ефикасност и моќноста.
Volvo FH исто така континуирано постигнува одлични резултати на Euro NCAP тестовите за безбедност на камиони, при што неколку конфигурации беа прогласени за најдобро оценети камиони во своите категории.
„Volvo 100 Year Edition“ е најновиот модел во серијата специјални изданија, во која претходно беа вклучени Volvo FH 25 Year Special Edition, Volvo FH Aero Euro NCAP Special Edition и Volvo Ocean Race Limited Edition. Камионот ќе може да се нарача од септември 2026 година.
Ова се моделите Volvo FH Aero и FH кои досега добиле оценка од 5 ѕвезди според Euro NCAP:
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.