Глобалната побарувачка за Волво камионите на гас се зголемува. VOLVO TRUCKS има продадено повеќе од 8.000 единици низ целиот свет. Продажбата се зголеми за 25% во 2024 година, а најголемите пазари се Шведска, Норвешка, Холандија, Шпанија и Велика Британија. Моторите на Волво на гас се достапни во моделите Volvo FM, FH и FH Aero и можат беспрекорно да се префрлаат помеѓу биогас (нефосилен гас произведен од органски отпад) и обичен LNG (течен природен гас).
Камионите на Волво на гасен погон можат да се управуваат до 1.000 километри, што ги прави погодни за транспортни задачи во долги релации и регионална дистрибуција, како и во градежниот сектор. Тие претставуваат одржлива алтернатива на другите возила со ниски емисии, бидејќи транспортните компании и корисниците на транспортни услуги бараат начини да го направат своето работење поодржливо.
„Многу од нашите клиенти одлучуваат да ги заменат своите дизел камиони со камиони на гас и на тој начин истовремено да постигнат едноставно намалување на емисиите на CO2“, вели Јан Хјелмгрен, раководител на одделот за управување со производи во Volvo Trucks. Тој додава: „Камионите на гас на Волво се вистинскиот избор за транспортните компании бидејќи комбинираат пониски трошоци за одржување со намален јаглероден отпечаток и одржана продуктивност.“
Веќе постојат неколку земји кои нудат широка мрежа на гасни пумпи со зголемен пристап до биогас. Глобалното производство на биогас се зголеми за 21% во текот на 2024 година*. Ова значи дека можноста за намалување на емисиите на CO2 до 100% станува достапна за значителен број корисници. На пазарите што имаат даночни олеснувања и владини субвенции за обновливи горива и ниски емисии на CO2, биогасот е поекономично решение во споредба со дизелот. Исто така, редовното LNG гориво го намалува CO2 до 20% („Од резервоарот до тркалото“) во споредба со дизел камионите.
Значителни заштеди на CO2 и оперативни трошоци, без компромис
Волво нуди исклучителна технологија на гасни мотори, базирана на својот најпродаван погонски склоп, дизел моторот D13, што значи дека нуди перформанси споредливи со кој било дизел камион, но со намалени емисии на CO2.
„Нашите гасни мотори доаѓаат со супериорна технологија која јасно ги надминува конкурентите во однос на моќноста, вртежниот момент, одзивот на моторот и економичноста. Возачите ни велат дека ја ценат моќноста, управувањето, нискиот шум и удобното возење во нашите камиони на гасни погон“, вели Јан Хјелмгрен. „Гледаме дека камионите на гасни погон имаат голем потенцијал на патот кон транспорт со нулта емисија.“
Заштеда на CO2 со камиони на гас - факти:
Волво камиони на гас - факти:
*Според извештајот на Европската асоцијација за биогас
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2024 година, ширум светот беа испорачани околу 134.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.