Побезбеден сообраќај на камиони во прометните градски области, помалку штети во терминалите за камиони и помалку стрес за возачите, кои ќе знаат дека нема да има можност ненамерно да го надминат ограничувањето на брзината - ова се главните придобивки од „Зони за безбедност“, новата дигитална услуга од Volvo Trucks. Волво е еден од првите производители на камиони што воведува ваква услуга.
Со користење на „Безбедносни зони“, камионските компании можат да постават ограничувања на брзината за секој камион што влегува во однапред одредена географска зона. Технологијата често се нарекува „геооградување“. Кога камионот работи во таа зона, моторот го ограничува забрзувањето над дозволената брзина. За да се достигне дозволената граница, камионот автоматски ќе закочи ако влезе во географската зона со поголема брзина.
„Со оваа услуга, транспортната компанија може да обезбеди одржување на брзината на возилото. На пример, во пристаниште, логистички центар или во области со многу луѓе и сообраќај, како што се градските центри и зоните околу училиштата“, објаснува Јохан Рундберг, менаџер за производи во Volvo Trucks.
„Целта на оваа услуга е да се направи сообраќајната средина побезбедна и да се намали стресот на возачот. Во Volvo, ние постојано ги развиваме нашите безбедносни системи за да се приближиме до нашата долгорочна визија: нула несреќи со камиони Volvo.“
Менаџерот на возен парк дефинира географски зони на дигитална мапа, ја поставува дозволената брзина и има целосна контрола во која зона се применува ограничувањето за секој камион поединечно. Возачот ќе види на контролната табла дека се наоѓа во зона со ограничена брзина и која е максималната дозволена брзина.
„Безбедносни зони“ се услуга со претплата и се дел од Volvo Connect, дигиталната платформа за услуги на Volvo Trucks за сите корисници. Во рамките на порталот Volvo Connect, менаџерот на возниот парк добива известувања кога камионот ќе влезе или ќе ја напушти зоната, како и дали возачот ја надминал максималната брзина.
Новата услуга е достапна за тешки товарни камиони Volvo FH, FM и FMX со стандард Euro 6 и модели со електричен погон. Ова го вклучува новиот модел Volvo FM Low Entry, камион кој користи само електричен погон и е специјално прилагоден за сообраќај во урбани средини.
Услугата ќе биде достапна од јуни 2025 година за нови камиони, а од септември 2025 година за постојните камиони.
Факти: Безбедносни зони
• Услуга во рамките на платформата Volvo Connect што комбинира позиционирање на возилото со правила дефинирани за одредени зони на мапата.
• Телематичката единица во камионот ја пренесува GPS позицијата и прима инструкции одредени од менаџерот на возниот парк.
• Прилагодените ограничувања на брзината можат да се постават од 20 км/ч па нагоре. Во еден камион можат да бидат активни до 300 индивидуални зони.
• Услугата автоматски го прилагодува и ограничува темпоматот на максималната брзина во географската зона.
• Услугата „Позиционирање“ во рамките на Volvo Connect е предуслов за користење на „Безбедносни зони“.
• Достапно на тешки товарни камиони Volvo FH, FM и FMX Euro 6 и камиони со електричен погон (произведени по есента 2022 година), вклучувајќи го и Volvo FM Low Entry.
Како функционираат безбедносните зони:
• Кога ќе влезе во зоната, камионот автоматски сопира за да ја достигне поставената брзина. Возачот е информиран за ова на инструмент-таблата.
• Од безбедносни причини, возачот може да го прекрши ограничувањето на брзината со посилно притискање на педалата за гас („kick-down“). Ако користи темпомат, брзината не може да се постави над дозволената брзина во зоната.
• Услугата Volvo Connect му прикажува на менаџерот на возен парк информации за влез, излез, откажување и пребрзо возење во рамките на географска зона.
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2024 година, ширум светот беа испорачани околу 134.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.