Камиони

Volvo испорача 15 тешки електрични камиони на Primafrio Group во Шпанија

Volvo Trucks компанијата неодамна испорача 15 тешки електрични камиони на шпанската логистичка компанија Примафрио. Продажбата на тешки електрични камиони се забрзува во Европа, а многу логистички компании се заинтересирани да управуваат со поголем дел од нивните транспортни текови користејќи електрични возила со нулта емисија.
Volvo испорача 15 тешки електрични камиони на Primafrio Group во Шпанија

Примафрио Груп, меѓународна логистичка компанија лоцирана на југоисток од Шпанија, специјализирана за транспорт на овошје и зеленчук во фрижидер од Шпанија и Португалија до други европски земји. Primafrio инвестираше во 15 Volvo FH Electric возила, кои се меѓу првите тешки електрични камиони што се користат на шпанските патишта. Тие ќе бидат во функција веќе во јануари 2023 година.

Електричните камиони ќе се користат за регионален транспорт на овошје и зеленчук од овоштарниците во регионот на Мурсија, познат како „зеленчукова бавча на Европа“, до објектите на компанијата Примафрио, за понатамошен транспорт до Германија. Компанијата Примафрио е снабдувач на логистика на ЕДЕКА, најголемиот малопродажен синџир на храна во Германија.

„Среќни сме што придонесуваме да направиме дел од логистичкиот синџир да биде со нулта емисија, како и да ја забрзаме транзицијата кон електрични возила. Испораката на овие 15 електрични камиони на Групацијата Primafrio означува нова ера во транспортот на тешки стоки во нашата земја и покажува дека продуктивноста, перформансите и одржливоста можат да одат рака под рака“, објаснува Џовани Бруно, генерален директор на Volvo Trucks Шпанија.

„Во Примафрио сме посветени на одржлива мобилност и активно учествуваме во бројни иницијативи насочени кон подобрување на енергетската ефикасност и намалување на загадувањето и емисиите на стакленички гасови. Volvo е пионер во електричните решенија и поради оваа причина ние сме многу среќни што ги вклучивме нивните камиони во нашата флота“, вели Хозе Естебан Конеса, претседател на Групацијата Примафарио.

Примафрио инвестираше во сопствена инфраструктура за полнење со 10 брзи полначи инсталирани во нивните простории.

Како прв производител во светот што го стори тоа, Volvo Trucks започна сериско производство на тешки електрични камиони во септември 2022 година и има најширок асортиман на електрични камиони во индустријата за камиони. Глобалната цел на Volvo Trucks е до 2030 година, 50% од сите нови продадени камиони да бидат исклучиво на електричен погон.