Камиони

Завршено е најголемото натпреварување во светот за давање на постпродажни услуги

И победникот е...... Познат е победничкиот тим на најголемото натпреварување на светот за давање на технички услуги на сопствениците на Волво камиони и автобуси, VISTA*. По феноменалното финале во родниот град на компанијата Волво, Гетеборг, во Шветска, на самиот врв заврши тимот Kiired Insenerid од Естонија.
Завршено е најголемото натпреварување во светот за давање на постпродажни услуги

Повеќе од 16.000 техничари од околу 4.500 тимови од шветската сервисно-продажната мрежа на компаниите Volvo Trucks i Volvo Buses учествуваа на овогодинешното VISTA натпреварување – глобален настан кој што по прв пат е одржан во дамнешната 1957 година.


Главните цели на натпреварот VISTA се поттикнувањето на конкуренцијата во стручност и вештини, градење тимски дух и чувство на гордост. Високо обучените и исклучително мотивирани техничари прават работилниците на компанијата Volvo Trucks да  ги дијагностицираат грешките и ги поправаат проблемите на камионите „од прва“, благовремено и според високите стандарди. Овие вештини се клучни за да им се помогне на сопствениците да постигнат максимално активно  работно време на своите камиони и автобуси. На крајот, тоа води кон подобрена постпродажна услуга за купувачите.


Во финалето, кое се одржа во Гетеборг, 43 тимови од техничари и сервисен персонал се натпреваруваа во текот на два дена во шест сегменти, на задачи како што се пронаоѓање на грешки преку CAN линкот, I-Shift-от на менувачот и на каросеријата. Меѓу нив имаше два виртуелни сегменти со фокус на електричните возила - една од задачите беше да се инсталира електричен мотор на камион. Бројот на електрични камиони и автобуси сега забрзано расте, така што способноста за безбедно работење со електричните мотори е важна вештина за техничарите во речиси секоја работилница низ светот.


 „Нашите механичари играат клучна улога во придонесот за успех на нашите купувачи, со тоа што се грижат нивните камиони секогаш да останат на пат, а VISTA е одличен начин за нив да ги подобрат своите вештини во работилницата. Многу сум импресиониран од техничкото знаење на тимовите оваа година и од брзината со која ги решија проблемите што беа поставени пред нив“, вели Роџер Алм, претседател на компанијата Volvo Trucks.


Најдобрите три тима на VISTA Светскиот шампионат 2022 година:

Тим:                                        Држава:

Kiired Insenerid                          Естонија

Titan                                        Данска

SWISSTA                                Швајцарија

 За натпреварот VISTA

*VISTA е кратенка за Меѓународна Волво Награда за Обука во областа на услугите. Започната е во 1957 година и оригинално претставувала натпревар за техничарите на Volvo во Шведска. Дваесет години подоцна, во 1977 година, натпреварувањето е проширено на сите континенти, привлекувајќи претставници на работилниците на Volvo од различни делови на светот. Денес, VISTA претставува двегодишен настан и најголем натпревар за техничари ангажирани во камионските работилници ширум светот.


VISTA е отворена за вработените во Volvo Trucks и Volvo Buses и нивните техничари ширум светот. За да се квалификуваат, тимовите кои сакаат да учествуваат мора да пополнат прашалник од два дела и да одговорат на општи и технички прашања.