Volvo Trucks почнува со сериско производство на електричната верзија на своите камиони за тежок товар, кои претставуваат најважна производствена линија на оваа компанија: Volvo FM, Volvo FH i Volvo FMX. Ова се камиони кои можат да работат со вкупна маса од 44 тони*, а трите наведени модели опфаќаат околу две третини од продажбата на оваа компанија.
Со ова најново дополнување, Volvo Trucks има шест модела на електрични камиони во сериско производство на глобално ниво – што претставува најширок асортиман на електрични камиони во целата камионска индустрија.
“Ова е е пресвртница и доказ дека сме лидери во трансформација на целата индустрија на тешки комерцијални возила. Поминаа помалку од две години одкако за прв пат ги претставивме нашите електрични камиони за тежок товар. Сега ќе го зголемиме обемот на производство и ќе ги испорачаме овие прекрасни камиони на клиентите низ цела Европа”, вели Роџер Алм, Претседател на компанијата Volvo Trucks.
Сериското производство на најтешките електрични Волво камиони ќе започне во фабриката Туве, во Гетеборг, во Шведска, додека пак наредна година ќе следи и производство во фабрика во Гент, во Белгија. Електрични камиони Волво ги произведува на иста линија како и своите конвенционални камиони, што дозволува висока флексибилност во производство и ја зголемува ефикасноста. Батериите ги испорачува новиот монтажен погон за батерии во Гент.
Побарувачката за електрични камиони забрзано расте на многу пазари, а она што расте е и потребата на корисниците на транспортните услуги за префрлање на транспорт без фосилни горива, како би ги исполниле своите цели во поглед на еколошката одржливост. Електричната понуда на компанијата Volvo Trucks би можела да ја задоволи потребата за околу 45% од целата стока која денес се транспортира во Европа.**
“Продадовме повеќе од 1 000 примероци од нашите електрични камиони за тежок товар и повеќе од 2 500 електрични камиони вкупно. Ова и понатаму претставува мала бројка, но очекуваме значителен раст на обемот на продажбата во наредните неколку години. До 2030 година најмалку 50 проценти од камионите кои ги продаваме на светско ниво би требало да бидат електрични камиони”, вели Роџер Алм.
Електричниот асортиман од шест модели на камиони на компанијата Volvo Trucks, покрива широк спектар на примена, како што е градска дистрибуција и одлагање на одпад, регионален транспорт и градежништво.
*Бруто комбинирана маса
**Според статистичкото истражување на агенција Еуростат „Патен транспорт по далечина” (2018), (“Drumski prevoz po udaljenostima” (2018)), 45% од целата стока која се транспортира по копнен пат во Европа опфаќа растојание пократко од 300 км.
Tijana Savić
Маркетинг менаџер
+381 63 101 5607
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.