Камиони

Volvo FH со I-Save – Победник на економичноста на гориво во неколку тестови

Во неколку независни тестови извршени од германските списанија за камионџии, Volvo FH со I-Save беше победник на економичноста на горивото кога се гледа комбинацијата на потрошувачката на дизел и AdBlue, иако на тестираниот камион му недостасуваа најновите ажурирања на Volvo за ефикасноста на горивото.
Volvo FH со I-Save – Победник на економичноста на гориво во неколку тестови
Volvo докажа дека е можно да се комбинираат економичноста и перформансите.

Денес цената на горивото е повеќе во фокусот од кога било за транспортерите. Не само што цената на дизелот неодамна се зголеми, туку и многу транспортни компании страдаат од цените на AdBlue кои се зголемени повеќе од двојно.

 

„Кога се инвестира во нов камион, поважно е од кога и да е, внимателно да се погледне вкупната потрошувачка на енергија на камионите“, вели Питер Францен, менаџер на производи за мотори во Volvo Trucks.

 

Победник на економичноста на гориво во повеќе тестови

 

Независните германски списанија „Trucker“ и „Transport“ неодамна го тестираа Volvo FH 500 со I-Save со камионите на другите големи европски конкуренти. Volvo излезе како победник во двата теста за економичност на горивото, гледајќи ја вкупната потрошувачка на дизел и AdBlue. И покрај малата потрошувачка, камионот Volvo исто така имаше многу висока просечна брзина на тестот за камионџии, а на тестот на списанието Transport дури и ги победи конкурентите по брзина.

 

„Нашите инженери успеаја да комбинираат голема брзина со многу ниска потрошувачка на гориво, што е фантастично достигнување. Често треба да изберете едно или друго, но ние докажавме дека можете да ги комбинирате економичноста и перформансите“, објаснува Питер Францен. „Уште поимпресивно е тоа што успеавме да бидеме најдобри за економичноста на горивото во двата теста, иако тестираниот камион ги немаше нашите најнови ажурирања за гориво што ќе ја намалат потрошувачката на гориво за уште неколку процентни поени!“

 

Новите подобрувања заштедуваат до 13% на вкупните трошоци за гориво

 

Тестираниот Volvo FH ја имаше спецификацијата I-Save, која е варијанта што комбинира различни карактеристики на погонската линија и софтвер за да ја подобри економичноста на горивото што е можно повеќе. Срцето на I-Save е турбо-компактен мотор, кој овозможува да се вози со ниски вртежи на моторот и високи брзини подолго време. Со неодамна лансираните подобрувања, I-Save кумулативно може да додаде до 13% подобрување во економичноста на горивото - во споредба со нивоата на потрошувачка кога беше претставен во 2019 година.

 

„Со цел да ја подобриме ефикасноста на горивото, сега со Volvo FH со I-Save напрвивме еден чекор понатаму за да обезбедиме целосна оптимизација на моторот. Со оглед на историски високите цени на енергијата што ги имаме сега, тајмингот не може да биде подобар“, заклучува Петер Францен.

 

Факти за новите ажурирања за економичноста на горивото

 

Процесот на согорување на моторите е дополнително подобрен со прилагодување на инјекторите, компресија и брегаста осовина конкретно на префинетите и уникатни клипови со нов брановиден модел. Целокупната тежина и внатрешното триење исто така се намалени. Турбо полначот со високи перформанси и пумпата за масло се надградени, па дури и филтрите за масло, гориво и воздух имаат патентирани доработки за да добијат подобри перформанси.

 

Ажурираниот мотор работи заедно со интелигентниот и автоматизиран менувач I-Shift кој сега е до 30% побрз. Побрзата реакција придонесува за понатамошно подобрување на економичноста на горивото, возењето и мазноста на возењето.

 

I-Torque е нов, паметен софтвер за вртежен момент кој ја зголемува енергетската ефикасност со анализа на претстојните податоци за топографијата на патот користејќи ја функцијата I-See и прилагодување на возењето на вистинската рута. I-See користи информации за планираната рута за да ја искористи кинетичката енергија на камионот на најдобар можен начин при возење на ридски терен. Новиот софтвер I-Torque го оптимизира и изборот на брзина и вртежниот момент на моторот. Функцијата гледа на патот напред и ја проценува топографијата и тежината на возилото – за да одлучи точно колкав вртежен момент му треба на моторот и кога, за да работи со апсолутна најголема можна ефикасност на горивото.

 

При возење на долги растојанија, аеродинамиката на камионот игра важна улога за економичноста на горивото. Затоа, направени се и неколку клучни промени за подобрување на протокот на воздух, вклучувајќи потесни празнини на предниот дел од кабината и подолго продолжување на вратата.

 

Сите овие подобрувања се собираат за да обезбедат најголема економичност на горивото и најниски вкупни трошоци што некогаш ги постигнала Volvo Trucks. Ќе биде интересно да се види како Volvo ќе успее уште повеќе да го подобри резултатот во претстојните трговски прес-тестови.

Denes cenata na gorivoto e poveḱe vo fokusot od koga bilo za transporterite. Ne samo što cenata na dizelot neodamna pomina niz pokrivot, tuku i mnogu transportni kompanii stradaat od cenite na AdBlue koi se zgolemeni poveḱe od dvojno.

 

LINK слики со висока резолуција

LINK press release

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.