Предвидената нарачка вклучува 40 електрични камиони од моделот Volvo FE и Volvo FL, кои ќе се користат за испораки на пакети во урбаните транспорти, почнувајќи со четири Volvo FM Electric камиони во UК.
Веќе се нарачани првите камиони, шест од DHL Parcel UK и два од DHL Freight. Ова ќе резултира со годишна заштеда од речиси 600 тони CO2 и 225.000 литри дизел гориво за Deutsche Post DHL Group.
„Посветени сме да одговориме на растечката побарувачка на клиентите за зелени и одржливи решенија и да ја постигнеме нашата долгорочна цел за нето нулта емисија до 2050 година. На тој начин, неколку наши поделби ќе имаат корист од овој договор со Volvo Trucks“, објаснува Пабло Циано, извршен потпретседател за корпоративен развој во Deutsche Post DHL Group.
Важен фактор во одлуката на DHL да ја засили транзицијата кон возилата со нулта емисија на штетни гасови се должи на позитивното искуство што го имаат со користење на електричен камион Volvo во Лондон од ноември 2020 година – правејќи испораки од последната милја во трговскиот кварт Вест Енд. Возилото беше првиот целосно електричен комерцијален тежок камион користен за урбана логистика во ОК.
„DHL е важен глобален снабдувач на логистика, посветен да го намали неговото влијание врз климатските промени. Заедно можеме да направиме разлика на подобро и горд сум што ќе работиме во духот на партнерството, со цел да ги достигнеме нашите цели засновани на наука за да ги намалиме нашите влијанија врз климата“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.
Соработката вклучува усвојување на нови технологии на Volvo и заеднички развојни активности во областа на електрификацијата. Договорот вклучува и анализа од страна на Volvo Trucks на транспортните операции на DHL, со цел да се обезбеди успешно распоредување на прилагодени решенија за електричен транспорт.
Volvo Trucks е водечки на пазарот за тешки целосно електрични камиони во Европа, со пазарен удел од 42% во 2021 година. Веќе во 2019 година, Volvo Trucks започна сериско производство на електрични камиони, како еден од првите брендови на камиони во светот кој направи така. Компанијата испорача електрични камиони на широк спектар на клиенти во Европа, Северна Америка и Австралија.
LINK слики со висока реѕолуција
LINK press release
Tijana Savić
Маркетинг менаџер
+381 63 101 5607
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.