Целокупната тема за Volvo Trucks на IAA Transport for Commercial Vehicles, што се одржува од 20 до 25 септември 2022 година во Хановер, е „Кон нула“ – нула емисии и нула несреќи.
Volvo Trucks ќе ја прикаже својата палета на електрични камиони - најширока во индустријата - со три модели на тешки и два средни камиони достапни за нарачка во Европа. Компанијата, исто така, ќе ја покаже својата понуда на услуги за електрични камиони, како што се планирање на опсегот и рутата, решенија за полнење и финансирање. Покрај тоа, Volvo ќе демонстрира и други решенија за погонска линија кои им овозможуваат на транспортерите да постигнат солиден напредок на нивното патување кон нула емисии.
„Заедно со нашите клиенти и нивните клиенти сме на пат кон нула емисии. Со нетрпение очекуваме да ги покажеме нашите одлични камиони и услуги кои ќе им овозможат на транспортерите да го намалат CO2, а во исто време да водат конкурентен бизнис. Без оглед на погонската линија – електричен, гасен или конвенционален дизел камион – нудиме решенија за зголемена енергетска ефикасност и намалено влијание на климата“, вели Roger Alm, претседател на Volvo Trucks.
Во областа на безбедноста, Volvo Trucks, меѓу другото, ќе го прикаже својот нов безбедносен систем за заштита на пешаците и велосипедистите. Системот вклучува двоен радар на секоја страна од камионот, како и функции поддржани од камерата.
Volvo Trucks ќе има достапни неколку камиони за тест возење во надворешната област на изложбата, како што се Volvo FL Electric и Volvo FE Electric. Дополнително, други камиони како Volvo FH со I-Save, Volvo FM LNG и Volvo FH16 за најтешки транспортни задачи исто така ќе бидат прикажани во надворешната изложбена област.
Прес-конференција и можности за интервју:
Штанд на Volvo Trucks, сала 21, штанд А35
Кога: понеделник, 19 септември од 11:50 часот
Roger Alm, претседател на Volvo Trucks и Jessica Sandström, SVP Global Product Management - Volvo Trucks, ќе бидат достапни за интервјуа во текот на 19 септември. Доколку имате дополнителни барања за интервјуа со други претставници на Volvo Trucks, ве молиме контактирајте со претставниците на Volvo за односи со медиумите на штандот.
LINK слики со висока резолуција
Tijana Savić
Маркетинг менаџер
+381 63 101 5607
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.