Камиони

Volvo Trucks е лидер на пазарот за електрични камиони во Европа

Новата статистика покажува дека со паѕарен удел од 42%. Volvo Trucks е лидер на пазарот за тешки, целосно електрични камиони во Европа. Во 2021 година компанијата прими нарачки и писма со намери за купување, за повеќе од 1.100 електрични камиони ширум светот.
Volvo Trucks го предводи пазарот на електрични камиони во Европа
Volvo Trucks е лидер на пазарот во Европа за електрични камиони и има преземено нарачки за повеќе од 1.100 електрични камиони ширум светот.

Меѓународната транспортна индустрија претрпува трансформација и се движи кон поодржлив транспорт, бидејќи продажбата на електрични камиони со батерии со голем капацитет почнува да расте, а Европа е предводник меѓу сите региони. Се поголем број тешки, целосно електрични камиони сега може да се забележат во секојдневниот сообраќај.

 

Статистиките од групата за анализа на пазарот, IHS Markit, покажуваат дека вкупно 346 електрични камиони (≥16 тони) биле регистрирани во Европа во 2021 година, што претставува зголемување од 193% во споредба со 2020 година. Во оваа сума, Volvo Trucks има пазарен удел од 42%, што го прогласува за лидер на пазарот. Земјите во Европа со најголем број регистрирани електрични камиони (≥16 тони) се Швајцарија, Норвешка, Шведска и Холандија.

 

„Решени сме да започнеме револуција во тешкиот транспорт со електрични камиони, а нашата водечка позиција на пазарот во Европа е доказ дека токму тоа го правиме. Дури и ако испорачаните количини се сè уште мали, гледаме брзо растечки интерес, како во Европа, Северна Америка, така и во други делови од светот. Во 2021 година, добивме нарачки, вклучително и писма со намери за купување, за повеќе од 1.100 камиони во повеќе од 20 земји. Убеден сум дека понудата на камиони со нулта емисија станува клучна конкурентна предност“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.

 

Volvo Trucks, како еден од првите производители на камиони во светот што го стори тоа, започна со масовно производство на електрични камиони во 2019 година. Кога ќе започне производството на тешките целосно електрични Volvo FH, Volvo FM и Volvo FMX оваа есен, Volvo ќе ја има најкомплетната палета на електрични камиони во глобалната камионска индустрија. Volvo испорача електрични возила на широк спектар на клиенти во Европа, Северна Америка и Австралија. Целта на компанијата е до 2030 година половина од вкупната продажба да биде поврзана со електрични камиони.

 

„Јасно е дека овие бројки покажуваат дека сме на многу добар почеток во продажбата. Со поширок асортиман на електрични камиони ќе биде возможна електрификација на речиси половина од тешкиот патен транспорт. Овој сооднос ќе биде уште поголем во корист на електричните камиони, бидејќи технологијата на батерии еволуира, бидејќи камионите можат да патуваат подолги растојанија со едно полнење и како што се развива инфраструктурата за полнење“, вели Роџер Алм.

 

* Извор: IHS Markit, ihsmarkit.com. Европа без Англија.


Статистика на IHS Markit за вкупниот број регистрирани камиони (≥16 тони) во Европа во 2021 година, со исклучок на UK:

 

Земја

Вкупен обем на пазарот во 2021 година

Швајцарија

77

Норвешка

56

Шведска

47

Холандија

42

Германија

37

Франција

25

Данска

21

Шпанија

11

Италија

9

Унгарија

7

Полска

4

Белгија

3

Чешка

2

Финска

2

Ирска

2

Aвстрија

1

Вкупно

346

 

LINK слики со висока реѕолуција.

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.