Во неодамнешниот тест, кој беше спроведен од независниот германски часопис Trucker, Volvo FH 460 со I-Save технологијата и вкупна маса од 32 тони тргна на рута долга 343 километри по јавни патишта, вклучувајќи разни автопати, ридски терени и тесни патишта.
Во споредба со истиот тест спроведен 2018 година - пред Volvo да воведе пакет за штедење на гориво I-Save – тестираниот Volvo FH 460 со I-Save технологија постигна комбинирано намалување на потрошувачка на дизел и агенсот AdBlue за импресивни 18 проценти, односно просечната потрошувачката изнесуваше само 21,48 литри на 100 километри.
„Ефектите на I-Save пакетот, кој користи напредно подобрување на Turbo Compound моторот, паметниот нов софтвер и префинетата аеродинамика, кога се спојуваат даваат многу ефикасна употреба на горивото. Овој независен тест е уште еден цврст доказ на големото и позитивно влијание кое I-Save го има на потрошувачката на гориво“ вели Хелена Алсио, потпретседател за управување на производствениот погон во компанијата Volvo Trucks.
Ниската потрошувачка na AdBlue е се поважна
Историски гледано, на трошоците за течност AdBlue се посветува многу малку внимание. Ова драматично се измени бидејќи цените на овој агенс пораснаа за преку 100 проценти на многу пазари. На новиот тест Volvo истотака успеа да ја задржи потрошувачката на AdBlue на ниски 6 проценти потрошувачка на дизел.
„Вкупната економичност на потрошувачка на гориво, која вклучува дизел и AdBlue, станува се поважна за вкупните сопственички трошоци. Секогаш се фокусираме на тоа, вкупните трошоци за гориво да бидат што пониски “,продолжува Хелена Алсио.
Ефикасни мотори-клуч за намалување на емисија СО2.
Без разлика што Volvo Trucks има за цел електричните камиони да сочинуваат половина од глобалната продажба на камиони во 2030 година, дизел моторот ќе продолжи да игра важна улога во намалувањето на емисиите на CO2. Подобрената ефикасност обезбедена со унапредувањето на технологијата I-Save во погонската линија е важен начин да се придонесе за намалување на емисиите на CO2. Моторот Turbo Compound е исто така сертифициран да работи на HVO100, обновлив дизел направен од хидрогенизирани растителни масла, што драматично ги намалува емисиите на CO2.
Факти за тестот и камионот:
Факти за Volvo I-Save технологијата:
*Вистинската потрошувачка на гориво може да варира во зависност од многу фактори како што се брзината на возење, употребата на темпомат, спецификацијата на возилото, оптоварувањето на возилото, реалната топографија, искуството на возачот, одржувањето на возилото и временските услови.