Камиони

ЗАПОЧНА СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ТЕШКИ КАМИОНИ ВО VOLVO TRUCKS

Новата генерација на тешки камиони од Volvo Trucks - Volvo FH, FH16, FM и FMX – влегува во сериско производство во погоните на Volvo Trucks во Шведска, Белгија и Русија.
Volvo Trucks new generation of heavy-duty truck models have entered serial production at the CO2 neutral Tuve plant in Gothenburg, Sweden.
ЗАПОЧНА СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ТЕШКИ КАМИОНИ ВО VOLVO TRUCKS

“Возбудата е голема затоа што новата генерација на нашите камиони, наскоро ќе дојде до ценетите клиенти. Сите четири модели на камиони, развиени се со посебен фокус на подобрување на возачкото опкружување, безбедноста и продуктивноста на возилата, кои што придонесува да бидат поефикасни од претходните возила“,  кажа Рогер Алм, претседателот на Volvo Trucks.

Камионите Volvo FM и FMX имаат потполно нова кабина со подигнати А-столбови кои обезбедуваат дополнителен простор од еден кубен метар и повеќе светлина во кабината. Видливоста на возачот, исто така, може да се подобри кај сите модели на камиони со додавање на аголни камери на совозачката страна, која овозможува потполен приказ на страничниот дел од камионот. Тој приказ е видлив на екранот во внатрешноста на кабината.

Новитети се новиот интерфејс за возачот, адаптивни фарови за долги светла за поголема безбедност кај моделите на камиони Volvo FH и FH16. Новите камиони Volvo FH и FH16, исто така, може да се прилагодат, како би се овозможила значителна заштеда на гориво и намалување на СО2, како кај камионите Volvo FH со вградена технологија I-Save.

“Се гордееме со големата инвестиција во овие нови четири модели  кои во голема мерка ќе допринесат во зголемувањето на безбедноста на патиштата и во намалувањето на влијанието на човековата околина.  Производството на новите камиони побарува напредна инженерска работа, како и голема тимска работа во целата компанија Volvo, вкллучувајќи ги и нашите добавувачи, што претставува нов почеток, во однос на годината која ја имавме пред тоа“, рече Рогер Алм, претседателот на компанијата Volvo Trucks.

Посветеноста на компанијата на Volvo Trucks, за повисоко ниво на одржливи транспортни решенија, новите камиони Volvo FH, FH16, FM и FMX, исто така, се развиени и за електрифицирани погонски склопови, а почетокот на нивно производство е закажано за 2022 година. “Тоа значи, да преминот на нашите клиенти на транспорт без фосилни горива во иднина, ќе биде неприметен, затоа што клиентите ќе можат да продолжат да го возат својот ист омилен модел на Volvo камион“, кажа Рогер Алм.

Новата линија на тешки камиони, првично претставена во Европа минатата година, покажа голем интерес на купувачите - во текот на 2020 година, порачани се повеќе од 12.000 камиони. Активностите на претставувањето и воведот во продажбата, продолжуваат и во 2021 година, на пазарите надвор од Европа.

Камионите во почеток, ќе се склопуваат во производните погони на Volvo Trucks во Гетеборг во Шведска, Гент во Белгија и Калуга во Русија. Монтажниот погон во Туве во Гетеборг, прв започнува со производство во Март 2021 година.

„Долго се подготвуваме за овој почеток, работејќи заедно на создавањето на неверојатни производи. Тимот од погонот во Туве е среќен што започна со работа и максимално е подготвен да на нашите купувачи ги испорача целосно новите камиони со најголем квалитет“, објаснува Мартин Фолин, ВД претседател за оперативни работи во погонот во Туве.

Новите камиони нудат различни верзии на кабини и можат да се оптимизираат со широк спектар на дополнителна опрема. Како и секогаш, компанијата Volvo Trucks силно допринесува за развој на кабината која ќе биде втор дом на возачот, што често се случува кај камионите за долголиниски транспорт. Во камионите за регионален транспорт, кабината често служи и како мобилна канцеларија, додека во градежништвото – камионите се робусни, практични за работа.

Видливоста на воачот, удобноста, ергономијата, нивото на бучавост, опкружувањето и безбедноста се клучни елементи во новите модели на камиони, кои се и надворешно надградени, за да овозможат поддршка на бројните иновации.