Камиони

Нов сајт со понуда на користени камиони од Volvo Trucks

Потенцијалните купувачи на користени Volvo камиони и камиони од другите марки во сопственост на Volvo Trucks, од неодамна имаат можност да се информираат за понудата на возилата од Европа на новиот, специјализиран сајт www.volvoselected.com

Повеќето продажно-сервисни центри во Европа, покрај понудата на нови Volvo камиони, во својата понуда има и користени возила од Volvo, вклучувајќи и понуда од програмата на другите производители. Тоа се возила кои се преземени по системот старо за ново или се вратени во Volvo Trucks центрите по основ на лизинг или bay-back аранжманите.

До неодамна, нивната продажба беше организирана на класичен начин: купувачите најчесто се информираа со доаѓањето во продажно-сервисниот центар на Volvo Trucks. Така беше и во Македонија, каде за понуда на користени возила можеше да се информираат во главниот продажно-сервисен центар во Ќојлија, Петровец. Во комплексот на тој центар, сега  има и голем отворен простор кој е посебно одреден за претставување на користените камиони од сите марки, меѓу кои и Volvo.

Со цел да на потенцијалните купувачи се овозможат почетни информации и при тоа да се олесни изборот на користени камиони во сопственост на Volvo Trucks, од неодамна е достапен посебен сајт - www.volvoselected.com – на кој е претставена понудата на користени возила од цела Европа. Доколку купувачот пронајде возило кое е во согласност со неговите потреби, може да го контактира оддделот за користени возила во Volvo Македонија со седиште во Ќојлија, Петровец. Понатамошната процедура е иста како до сега.