Камиони

Италијански превозник изврши нарачка на 1.000 Волво камиони со најновата технологија за заштеда на гориво.

Lanutti група, италијанска комапнија за транспорт и логистика, изврши порачка на 1.000 нови Volvo камиони со најновата технологија за заштеда на гориво, I-Save. Компанијата го забележа потенцијалот во тоа да ја намали потрошувачката на гориво за 10%, kако и да ја намaли емисијата на издувни гасови CO2.
Италијански превозник изврши нарачка на 1.000 Волво камиони со најновата технологија за заштеда на гориво.

Lanutti група работи во осум европски земји со флота од 1.800 камиони. Нивната одлука да инвестираат во 1.000 нови Volvo FH донесена е после едногодишно тестирање на потрошувачката на гориво, каде новиот Volvo FH опремен  со I-Save технологијата беше спореден со останатите камиони во мешовитата флота. Резултатот беше намалување на потрошувачката на гориво за 10 проценти во однос на другите еквивалентни стандардни камиони.

„Принципот на обновување на возниот парк кај нас во Lanutti  група е да се даде приоритет на возилата со ниска емисија. Покрај доверливоста, најважни фактори за нас е да тежината на камионите биде што е можно пониска, како би добиле поголема корисна носивост и намалување на потрошувачката на гориво на минимум. После позитивниот период на тестирање, одлучивме да сите нови камиони бидат Volvo со I-Save технологија, кажа г-дин Валтер Ланути, извршен директор на Lanutti група.

Верзијата на Volvo FH  I-Save, претставува крајно ефективен мотор со каркатеристики за заштеда на гориво, кои ја намалуваат потрошувачката на гориво на дологлиниските транспорти – без да се наруши системот на управување. Опремени се со дополнителни сигурносни функции, како што се поддршка за промена на сообракајните ленти и за предупредување на возачите, кои помогаат во избегнувањето на сообраќајните несреќи.

„Не правиме компромиси во поглед на безбедноста. Важно е на возачите да им се понуди сигурно и безбедно работно место, при тоа, и начин да помогнеме во обезбедувањето на нашите испораки. За среќа, бројот на несреќите е многу мал. Сепак, на камионите им требаат поправки и многу е скапо кога камионот не работи. На крајот, сепак верувам дека дополнителните безбедносни системи се одлична инвестиција“, кажа г-дин Валтер Ланути.

Нарачката од 1.000 Volvo камиони со I-Save технологија ќе бидат испорачани на Lanutti група во текот на 2021 и 2022 година.

„Имаме долга и одлична соработка со Lanutti група и навистина сум горд што ја покажаа нивната доверба во Volvo и што ги потврдија извноредните перформанси кои ги испорачуваат нашите  I-Save камиони на полето за заштеда на гориво. Ова е подеднакво важно како за климата така и за нашите клиенти“,  кажа г-дин Рогер Алм, Претседател на Volvo Trucks.

Факти

Секоја карактеристика на I-Save е дизајнирана да ги намали трошоците за гориво.

Во Volvo FH со I-Save технологија е вклучено:

  • D13TC турбокомпаунд мотор со 460 ks (2.600 Nm) или 500 ks (2.800 Nm)
  • Штедливи задни осовини
  • Исклучување на моторот во празен ход
  • I-Cruise со I-Roll, кој ја регулира брзината со што се намалува потрошувачката на гориво.
  • Хидраулична клипна пумпа за управување
  • Надграден I-See
  • I-Shift менувач со надграден софтвер за долголилниски релации

*во споредба со стандардниот Volvo FH со еуро 6 - Ц мотор