„Намалувањето на потрошувачката на гориво и намалувањето на емисиите на CO2 како резултат на тоа се клучни аспекти за сите превозни компании, особено за оние коишто работат во превоз на долги растојанија. Со новиот Volvo FH со I-Save, на превозниците им даваме уште поголеми можности да ги намалат нивните работни трошоци и влијанието врз животната средина“, вели Џесика Сандстром, потпретседател за управување со производи во Volvo Trucks.
Новиот Volvo FH со I-Save е дел од новиот европски асортиман на производи на Volvo Trucks, којшто беше претставен на пролет 2020 година. I-Save вклучува многу решенија за заштеда на гориво, од кои најважно решение е тоа за моторот Volvo D13TC. 13-литарскиот „turbo compound“ мотор на Volvo, лансиран на почетокот на 2019 година, е најефикасниот мотор на компанијата.
Со лансирањето на првата генерација на Volvo FH со I-Save во 2019 година, Volvo Trucks покажа дека со ова решение трошоците за гориво – дизел и AdBlue – можат да се намалат до седум проценти во споредба со камион без I-Save, којшто е опремен со конвенционален 13-литарски мотор на Volvo. Оваа бројка е потврдена со независни тестови, како и преку искуството на клиентите.
„Комбинацијата на ниска потрошувачка на гориво, ниско ниво на бучава и добри карактеристики на возење, донесе многу позитивен одговор. Многу превозници го гледаат Volvo FH со I-Save како алатка која ќе им помогне во намалувањето на јаглеродните емисии“, вели Џесика Сандстром.
Со новата генерација на Volvo FH со I-Save, развивачите на производи на Volvo Trucks успеаја уште повеќе да ја намалат потрошувачката на гориво. Преку надградби на софтверот засновани врз анализа на корисничките податоци, рамнотежата помеѓу потрошувачката на гориво и добрите карактеристики на возење е подобрена и оптимизирана, што пак води кон натамошно намалување на потрошувачката на гориво до два процентни поена кога се вози во режимот „Eco“.
„Врз основа на овој резултат, превозниците што ќе го изберат Volvo FH со I-Save ќе можат да ја намалат потрошувачката на гориво до девет проценти во споредба со обичниот Volvo FH опремен со нашиот 13-литарски мотор со Euro 6 чекор D*. Во пракса, заштедата на горивото може да биде уште поголема со оглед дека повеќето клиенти кои го купуваат новиот Volvo FH со прекинувач I-Save претходно користеле постари камиони со поголема потрошувачка на гориво“, објаснува Џесика Сандстром.
Покрај надградбата на I-Save, новиот Volvo FH има и поаеродинамичен дизајн. Со цел уште поголема заштеда на гориво, I-See сега има нова функција со која камионот може да открие кога е најефикасно моторот малку да го зголеми бројот на вртежи, а потоа да го извади од брзина, па дури и на патишта кои навидум изгледаат рамни за човечкото око.
Ефикасна потрошувачка на горивото со извонредни карактеристики на возење
Новиот Volvo FH со I-Save не претставува само голем исчекор во однос на економичноста на горивото. Неговиот оптимизиран вртежен момент во рамките на широкиот опсег на вртежи резултира со непречено возење и ја испорачува потребната моќност за одржување висока и постојана просечна брзина, дури и во случаи кога топографијата е понеповолна.
„Го олеснуваме возењето на ридски патишта и правиме тоа да е попријатно во поглед на ефикасната потрошувачка на гориво. Новата возачка средина од највисоко ниво олицетворена во Volvo FH исто така им помага на возачите да работат пооптимално во текот на целата своја работна смена“, заклучува Џесика.
Факти, новиот Volvo FH со I-Save
*Разликата во потрошувачката на гориво се пресметува преку споредување на трошоците за дизел и AdBlue за I-Save: D13TC Euro 6 чекор D со пакет за гориво за превоз на долги растојанија, со D13 eSCR Euro 6 чекор D без пакет за гориво за превоз на долги растојанија. Реалната економичност на горивото варира и зависи од многу фактори, како што се нивото на искуство на возачот, употребата на контролата на возење, спецификациите за возилото, оптоварувањето на возилото, топографијата каде што се вози и временските услови.
Слики со висока резолуција https://images.volvotrucks.com/search?querylabel=Volvo%20FH%20I-Save&querystring=(%22%7Baf4b2e0c-5f6a-11d2-8f20-0000c0e166dc%7D:Categories%22%20%3F%20%22:4209:%22)
Филм: Volvo FH со I-Save подложен на тестирање на потрошувачката на гориво
Погледнете како Volvo FH со I-Save е подложен на тест за потрошувачката на горивото од страна на германски новинар за автомобилска трговија на тест-патека во Минхен, којашто ја има добиено наградата Green Truck Award https://youtu.be/21aJD-YtO4w