Новиот центар се наоѓа на главните магистрални сообраќајни правци и лесно е достапен на сите посетители и кориснисци на сервисните услуги. Изграден е и опремен по највисоките важечки стандарди кои Волво Камионската Корпорација ги применува за објектите од овој вид ви Европа.
Комплексот на Волво Македонија се простира на 12.500 м2 , од кои се 1650 м2 под кров. Во новиот објект се сместени сервисот, продажба на нови и користени камиони и Волво Финансиски Сервис ( ВФС). Сервисната работилница располага со специјализирани алати и најсовремена опрема за испитување на кочниот систем, детектор за осовинскиот од, уреди за подесување на геометријата за ослонување, кран, три проодни канали и истовремено може да опслужи 9 тегначи.
Новиот центар располага со 33 паркинг места за тегначи со полуприколка и 15 паркинг места само за тегначи , како и паркинг простор за запослените и за посетителите на центарот. Целиот комплекс, вкључувајќи го и паркингот е под видео надзор, што гарантира сигурност на возилата, запослените и посетителите.
Клиентите на новите и користените камиони и корисниците на сервисните и финансиските услуги во новиот центар ги очекува тим од 17 посветени, високостручни и одговорни луѓе со многугодишно работно искуство во Волво Македонија.