Камиони

Волво тим и во тешки времиња Ви стои на услуга

И во овие исклучително тешки моменти кои во целиот свет ненадејно се наметна пандемијата на вирусот ковид-19, Волво тимовите во сите наши продажно-сервисни центри докажаа дека се спремни да со пожртвувана и напорна работа ги премостат сите проблеми и во потполност ги исполнат сите потреби и барања на сопствениците и возачите на Волво камионите.
Волво тим и во тешки времиња Ви стои на услуга

Во текот на 20-годишното постоење на компанијата Волво камиони во Македонија поминувавме многу убави, но многу и тешки моменти, и секогаш од нив излегувавме како победници – со заеднички сили и посветеност која е една од темелите на работната филозофија на Волво камионската корпорација. Таа посветеност на работата и желба да се излезе во пресрет на секој сопственик на Волво камиони најдобро се манифестира во текот на овие денови на вонредна состојба која , иако со временски и други ограничувања, не не спречи да секогаш бидеме на услуга за оние за кои и постоиме, а тоа се гордите членови на Волво фамилијта во целиот свет.

Со строго почитување на препораките на медицинските експерти вложуваме максимални напори да секој кој за било кој повод се обрати за услуга или помош во нашите продажно-сервисни центри биде услужен на врвно ниво, иако условите за работа и живот се сменети и отежнати.

Секој од членовите на тимот во Македонија, во ниеден момент не ги прекина своите активности. Активностите се прилагодени на актуелната ситуација, но така да не ги загрозат редовните работи – од сервисирање , продажба на нови и користени камиони, продажба на резервни делови до финансирање. Голема помош и подршка на комерцијалните сектори овозможуваат и нашите вредни , совесни и одговорни колеги/колешки во логистика, сметководство, маркетинг, сектор за човечки ресурси, одржување на објкетите кои сопствениците и корисниците на Волво  камиони ретко ги среќаваат, не само сега , туку и во нормални околности, а секако имаат голем допринос во вкупното фунционирање на работењето...Затоа голема благодарност на целиот Волво тим кој со пожртвувана работа и несекојдневно ангажирање ја дефинира Волво репутацијата на овие простори.

И во деновите кои доаѓаат им порачуваме на сопствениците, корисниците и возачите на Волво камионите дека нашиот тим во Скопје е спремен да, како и до сега, овозможи услуги на највисоко ниво, да помогне во решавање на секој проблем, да одговори на секое прашање и да го оправда надалеку познато, повеќедецениско реноме бредот Волво.