Камиони

Ви Благодариме што го одржувате транспортот во движење

Драги клиенти, Живееме во непредвидливо време. Сакаме да ве увериме дека компанијата Volvo Trucks, заедно со целата европска мрежа, прави се како би продолжила со сервисирање на нашите клиенти и во овој тежок момент на пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19.
Ви Благодариме што го одржувате транспортот во движење

Денес најголемиот број од нашите 1.025 Волво сервиси низ Европа и понатаму се отворени, а резервните делови се достапни, со можни мали задоцнувања.

Внимателно ја следиме достапноста на делови , сервиси и услуги на Volvo Action Service. Го зголемуваме капацитетот за итни случаи, по потреба и применуваме строги мерки на безбедност како би можеле нашите вработени да работат во смени, а камионите да можат непречено да бидат на патиштата.

Бидете уверени дека вложивме најголеми напори да ви осигураме што подолго работно време  како би нашето работење функционирало непречено. Тоа сега е важно повеќе од кога било, бидејќи камионскиот транспорт испорачува неопходна медицинска опрема, храна и други потребни стоки.

Возачите на камионите се наши херои.

Ви благодариме што го одржувате транспортот во движење во овоj миг кога се соочуваме со многу предизвици и ви благодаримешто континуирано ни укажувате доверба.

Продолжите да возите, чувајте се и бидете ни здрави.

Срдечно

Регионален директор Драгана Крстик

Регион Adriatic South