Камиони

Volvo лансира четири нови модели на камиони преку спектакуларен филм каде што камионите се наредени еден врз друг — со се претседателот на компанијата на врвот

Најновиот филм на Volvo Trucks за новите модели на камиони е нешто досега невидено. За да ја демонстрира моќта и силата на своите четири нови возила, Volvo изгради колосална кула од камиони висока 15 метри и тешка 58 тона со тоа што ги нареди четирите нови камиони еден врз друг. Покрај нив, на врвот е и претседателот Роџер Алм.
Кула од камиони

Пуштањето на нов модел на камион во индустријата за камиони е огромен проект. Но, пуштањето на четири во исто време е речиси нечуено. Кога реши да ја обнови целата палета на тешки камиони со подобрени кабини, Volvo Trucks зазема еден поинаков пристап кон нештата.

Необичниот филм започнува со мртва темница и продолжува со прикажување на кулата од камиони како некој огромен монолит кој свети во далечината. Како што филмот продолжува, гледаме волци во преден план и кратко е прикажана жена возач. Како што филмот ја достигнува својата кулминација, исполнет со ефекти на чад и осветлување, забележуваме дека човекот кој стои на врвот на кулата од камиони е всушност претседателот на Volvo Trucks, Роџер Алм.

Погледнете го филмот „Volvo Trucks - The Tower feat. Roger Alm“

Објавувањето на филмот е еден ден пред официјалното лансирање на палетата на тешки камиони со подобрени кабини во Европа, во која се вклучени моделите Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX. Четирите камиони претставуваат околу две третини од испораките на Volvo Trucks.

„Ова е досега најголемото лансирање на производи во Volvo Trucks. Овие камиони ќе значат огромна помош за профитабилноста на нашите клиенти и ќе им овозможат да водат конкурентни бизниси и да ги придобијат најдобрите возачи. Навикнат сум да сум на врвот на нештата, но снимањето на филм во којшто сум качен на врвот на кула од камиони е дефинитивно еден од најневообичаените денови што сум ги имал. Може да се рече дека имам одредена почит кон височините. Затоа не летам во облаците“, рече Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.

Филмот е снимен кон крајот на 2019 година на тест-полигон надвор од Гетеборг, родниот град на Volvo во Шведска. Сцените од снимањето на филмот ни откриваат дека кулата од камиони и поголемиот дел од визуелните ефекти се реални, вклучително и чадот и светлата.

„Беше потребно околу еден месец за да се осмисли и изгради кулата од камиони и за да се осигураме дека е безбедна за возење. Во суштина, ова беше возможно благодарение на Volvo FMX, цврстиот модел на камион наменет за градежништво, како и на неговата нова 38-тонска повеќеосна група, којашто ја понесе тежината на другите модели. За стабилната брзина и држењето насока помогна технологијата „Volvo динамичко управување“ и квалификуваниот возач на камиони“, рече Маркус Викстром, инженер во Volvo Trucks и дел од инженерскиот тим одговорен за кулата.

Кликнете овде за да видите како се снимаше филмот.

ВРСКА до слики со висока резолуција

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Volvo Trucks и каналите на социјалните медиуми:

www.volvotrucks.mk 
www.facebook.com/VolvoTrucks/
www.instagram.com/volvotrucks/ 
www.linkedin.com/company/volvo-trucks/

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.