Камиони

50 години проучување вистински сообраќајни незгоди со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот

Оваа година се одбележува 50-годишнината откако Tимот за истражување на несреќи на компанијата Volvo Trucks, започна систематски да собира, анализира и делува врз основа на детални информации за сообраќајни незгоди што се случиле. Стекнатите знаења нудат единствена вредност во развојот на системите за безбедност и идниот дизајн на возилата, со цел камионите и транспортот да бидат побезбеден.
Тимот за истражување на несреќи
Во светски рамки, секоја година 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни несреќи. „Работиме за безбедност на сите учесници во сообраќајот, и внатре и надвор од нашите камиони. Нашата визија е да не постојат несреќи. Нема друга алтернатива“, вели Ана Тиндер, раководител на Тимот за истражување на несреќи (десно), која стои заедно со Ана Вринџ Берлинг, директорка за безбедност во сообраќајот и производите на компанијата Volvo Trucks (лево).

Работата на Тимот за истражување на несреќи (ART, Accident Research Team) се фокусира на зајакнување на активната и пасивната безбедност за камионите на Volvo. Истражувањето за пасивна безбедност е дизајнирано да ги минимизира последиците од каква било несреќа, а активната безбедност значи избегнување или ублажување на несреќите. Да се ​​разбере како доаѓа до сообраќајни несреќи со помош на сериозно истражување на несреќите, може да помогне при појавувањето повторни несреќи и да се заштитат човековите животи.

„Секоја година во сообраќајни несреќи гинат 1,35 милиони луѓе низ целиот свет. Ова е нешто што го сфаќаме многу сериозно, објаснува Ана Вринџ Берлинг, директорка за безбедност во сообраќајот и производите на Volvo Trucks. „Истражувањата на Тимот за истражувања несреќи даваат вреден увид, кој, на возачите на камионите им овозможува побезбедна работна околина и подобрена безбедност во сообраќајот за сите учесници во сообраќајот. Покрај тоа, нивната работа ја поддржува нашата визија за безбедност дека несреќите во кои се вклучени камионите на Volvo и не треба да се случуваат“.

Несреќите што навистина се случиле се  како дополнување на планираните тестови за судари

„Безбедноста е основна вредност на компанијата Volvo уште од своето основање“, коментира Ана Тиндер, раководител на Тимот за истражување на несреќи. „Во 1969 година беше формиран Тим за истражување на несреќи за да се испитаат случените сообраќајни несреќи. Целта беше, и сѐ уште е, сообраќајот да се направи побезбеден користејќи ги овие информации за подобрување на идниот дизајн на возилата“.

Денес, Тимот за истражување на несреќи е интердисциплинарна мрежа за тестирање на безбедноста, составена од експерти за безбедност. Тие создаваат и споделуваат уникатни увиди за причините за случените несреќи - надополнувајќи го знаењето стекнато од лабораториските тестови на судири. Покрај тоа, Тимот користи анализа на податоци од националните и регионалните институти за статистика на сообраќајот за да добие уште подлабоко разбирање.

„Длабокото знаење што го стекна АРТ служи како вреден придонес за безбедноста и насоките за нашите тимови при развојот на производи“, објаснува Ана Вринџ Берлинг. „Иако АРТ само по себе не развива системи за безбедност, разбирањето на сложените сценарија со несреќи на нашите професионалци за безбедност, на нашите тимови за развој на производи им дава дополнителна компетентност и самодоверба за да создадат решенија што го надминуваат она што првично се сметаше за потребно“.

Учење историја со цел да ѝ помогнеме на иднината

„Веќе 50 години, Тимот за истражување за несреќи учи од минатото испитувајќи ги местата на несреќите, за, на нашите експерти за развој на производи да им обезбеди клучни информации за безбедноста.“, вели Ана Тиндер. „И гледајќи кон иднината, увидите кои ги поседува АРТ ќе продолжат да придонесуваат во работата на компанијата Volvo Trucks со проактивно подобрување на безбедноста на патиштата за возења управувани од човечка рака како и за новите автономни возила“.

LINK ka images

За повеќе информации, контактирајте ги:

Тијана Савиќ
Менаџер за комуникации
Тел: +381 22 366 614
Е-пошта: tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks обезбедува комплетни транспортни решенија за професионални клиенти и за клиенти со големи барања, нудејќи целосен опсег на камиони за средни до тешки задачи. Поддршката за клиентите се обезбедува преку глобална мрежа од 2.100 дилери и сервисни работилници во повеќе од 130 земји. Камионите на Volvo се составуваат во 15 земји во светот. Во 2018 година повеќе од 127.000 камиони на Volvo се испорачани ширум светот. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори во светот. Исто така, Volvo Group обезбедува решенија за финансирање и сервисирање. Работата на Volvo Trucks е базирана на темелните вредности за квалитет, безбедност и грижа за животната средина.