Камиони

Volvo FH – Избор за возачите веќе четврт век

Единствениот фокус на возачите и вистински ревулуционерната кабина го трасираа патот на моменталниот успех на Volvo FH камионот во времето на неговото појавување, 1993. година. Тоа беше технички најсовршениот камион во своето време. Четврт век подоцна, истиот е и понатаму иновативен лидер, посебно на полињата кои директно им користат на возачите, коко што се безбедноста и грижа за возачите. Кога на тоа ќе се додадат и бројните револуционерни решенија за заштитата на животната средина и продуктивноста, јасно е дека Volvo FH го промени светот на транспортот – и со тоа ќе продожи.
Volvo FH & FH 16

Клаес Нилсон, претседателот на компанијата Volvo Trucks, го гледа Volvo FH како носител на компанијата кога се работи на имиџот, како и создавање на профитабилност на купувачите, а нуди и најсовремено работно место за возачите. Се присетува коклу беше смело воведувањето 1993. година кое го означи почетокот на успешниот  перод за Volvo Truck.

„Се доближувавме на крајот на рецесијата, но се одлучивме да направиме голем чекор. Тоа беше голем успех. Го пласиравме FH во право време и имавме најатрактивен производ кога производството и пазарот на транспортот повторно почнаа да растат”, кажа Клаес Нилсон.

Првата верзија беше базирана на новата шасија, чиј динамичен дизајн ги олесни флексибилните решенија за различните намени во транспортот. Се имаше јасен работен фокус, вклучувајќи ја аеродинамиката која штеди гориво, иновативна погонска осовина и моторна сопирачка Volvo Engine Brake

Новата кабина беше решение кое покажа дека Volvo FH претставува нешто посебно. Volvo Trucks во раната фаза донесе одлука да го постави возачот во центарот на збиднувањата и повеќе од 1500 возачи  учествуваа во опсежните развојни фази. Крајниот резултат – посигурна и поудобна кабина која создаде потполно ново искуство за возење, одмор и спиење.

“Volvo Trucks од секогаш со себе носи напредување. Воведувањето на FH-то беше поголем чекор од претходните, оној кој вистински ја покажува желбата на нашите инженери да ја користат новата технологија за да создадат нови вредности за нашите купувачи и нивните возачи”, кажа Клаес Нилсон.

За возачите, оваа посветеност значеше не помалце од три “лифтинга” помеѓу 1993. и 2008. Година. Во 2012. година претставен е целосно нов Volvo FH, на кој новата кабина и интегриран клима систем I-park Cool, создадоа врвен комфор. Функцијата, како што е Volvo Dinamic Steering (2013) донесе полесно, посигурно, постабилно и попрецизно возење, со намалување на напор на возачот и повреди.

Од првиот ден, Volvo FH беше лидер во безбедноста. Исто важи и за пасивната безбедност. Volvo Trucks е првиот бренд кој понуди воздушна перница (1995), а 1996. година воведен е и преден систем за заштита од подлетување (FUPS), десет години пред него што стана истиот законска обврска. Овој напредок продолжува и денес, а камионите исто така се опремени со најнови активни безбедносни системи.

Покрај удобноста на возачот, безбедноста беше главна ѕвезда водилка при проектирањето на кабината. Во текот на развојот, камионот беше подложен на илјадници симулирани тестови на судири и околку сто вистински тестови  на судири. Браниците и вратата која го намалува ефектот на судирот се изработени од двоен “фазен” челик, а бочните панели на каросеријата се изработени од најјакиот достапен челик. Накратко, секој детал на надворешниот и внатрешниот дизајн функционираат заедно за да Volvo FH биде најсигурен камион кој до ден денеска е произведен во Volvo Trucks.

Volvo FH ги постави перформансите и продуктивноста на тешките теретни камиони на ново ниво. Меѓу бројните иновации посебното внимание заслужува револуционерниот менувач I-Shift (2001). I-Shift менувачот денеска е мерило во индустријата и развиен е за да ги задоволи различните барања и потреби. Дуплото квачило на I-Shift менувачот е посебно погодно за регионални и долги возења на брдовити рути со многу кривини.

Сите промени на степенот на пренос се прецизно временски темпирани без губиток на снага или обртен момент, што ја подобрува удобноста на возачот и овозможува поголема просечна брзина. За тешките и градежните камиони, I-Shift-от со спороодни степени на пренос претрставува идеално решение. Овозможува камионот да се покрене со терет до 325 тони и да се движи минимални 0,5 км на час, што го олеснува изведувањето на прецизните маневри на тешките терени.

I-Shift-от е совршен пример како иновацијата која им која им користи на возачите и операторите исто така ја намалува емисијата на штетните гасови на камионот. Грижата за заштитата на животната средина претставува една од основните вредности на компанијата Volvo Trucks и од година во година Volvo FH ја намалува емисијата и потрошувачката на горивото. Голем скок дојде во 2017.

Година кога е претставен Volvo FH LNG. Овој камион со погон на гас ги има истите перформанси како и останатите Volvo FH камиони, може да согорува и биогас кој ја намалува емисијата на COи до 100 проценти или на природен гас кој ја намалува емисијата на CO2 за 20 проценти во споредба со дизелот. Ова се однесува на емисии од возила во текот на користењето, познати под името “tank-to-whel” (од резерварот до тркалата).

“Имавме наистина импресивно патување со FH-то, и има уште многу возбудливи вести кои допрва следат. Со обзир на новите технологии, навистина сме возбудени и имаме желба да продожиме со нашето успешно патување заедно со нашите купувачи и нивните возачи”, кажа Клаес Нилсон.

Volvo FH е единствен модел кој е прогласен за камион на годината три пати – за 1994-та, 2000-та и 2014-та, а продадени се скоро милион единици од овој модел. Кога се појави на пазарот, 1993. Година, Volvo Trucks објави дека иднината стигнала. Четврт век покасно компанијата и понатаму тврди дека Volvo FH е камионот на иднината. 

“Постојат толку можности за создавање на фантастични подобрувањеа. Ние ќе ги истражиме сите за да се осигураме Volvo FH да остане избор број 1 на возачите и да продолжи со овозможувањето на поголем профит на нашите купувачи. Без премногу откривања, со сигурност можам да кажам дека наредните години ќе бидат усте повозбудливи од првите дваесет и пет” заклучи Клаес Нилсон