Камиони

Гоце Стојменов од Друштвото НАЛЕ ТРАНС победник на националниот натпревар во економично возење на Volvo камион

Македонскиот победник, возачот на Друштвото од Кочани, кое во возниот парк има четириесетина Volvo камиони од новата генерација, патува на светско финале во Гетеборг.
Driver Fuel Challenge 2018

Традиционалниот натпревар на професионалните возачи во економично возење, Volvo Driver Fuel Challenge, оваа година има поинаква форма – и во Македонија, и на светското финале, закажано за средината на септември во седиштето на компанијата Volvo Trucks, во Гетеборг, во Шведска.

Натпреварот оваа година е отворен исклучиво за возачи на Volvo камиони, вработени во Друштва кои се сопственици на најмалце два Volvo камиони со телеметриски систем Dynafleet.

За учество во натпреварувањето во Македонија се пријавија110 возачи од триесетина поголеми транспортни друштва. Првиот круг, одржан од 01. Април до 31. Мај, беше од квалификационен карактер: на сите учесници им беа вчитувани податоците од Dynafleet системот бележани во текот на двомесечен период во текот на вообичаена експлотација на возилото.

Врз основа на тие податоци, но и други параметри – работа на моторот во место, користење на инерција во текот на возењето, однос на сопирање (кочење) и сопирање, возење во економична зона, возење во режим на автоматска промена на степенот на пренос, возење во режим на прекумерни вртежи на моторот, возење во Power mode и возење по инерција (I-roll) – за свој стил на возење добиваа одреден број на бодови (максимално 100).

Осум најдобри, со “скоро”od 90 до 100 бодови, одмерија “нога на гас”  во националното финале, на 22. Јуни. Тој ден сите имаа исти услови да покажат колку се умешни во штедливо управување на серискиот Volvo тегнач со мотор од 500 КС, кој се нуди во продажната кампања “90 години Volvo trucks”. 

Натпреварувачкион тегнач влечеше полуприколка со 19 тона на делницата од 25 километри, на обиколницата околу Скопје. Во ограничен временски период од 28 минути на зададената рута беше потребно да се вози со што помала потрошувачка на гориво.

Најуспешен во совладување на сите искушенија бепе Гоце Стојменов од кочанското Друштво НАЛЕ ТРАНС, кој за 25 минути и 22 секунди успеа да оствари просечна потрошувачка од само 20,7 литри.

Второто место му припадна на Душко Стојменов од Друштвото ЗМАЈ ПРОМЕТ од Штип (26 минути и 36 секунди, просечна потрошувачка 21,5 л), а третото на Иван Филипов, возачот на Друштвото ИНТЕР ЕКСПРЕС од Кавадарци, кој возеше најкратко, 21 минута и 47 секунди, ама со поголема просечна потрошувачка 24,1 литар.

На исклучително организираната завршна свеченост, на која беа присатни повеќе од 130 гости, одржана во Хотелот Белви, на влезот во Скопје (каде беше почетокот и целта на финалниот натпревар), на победникот му припадна вредна награда – телевизиски приемник, додека на Друштвото во кое е вработен, врачен е ваучер во вредност од 500 евра. Пригодно беа наградени и возачите кој го заврземаа второто и третото место, како и друштвата во кои се вработени.

Финалистите на овогодишниот натпревар DFC, кој во Македонија се одржува по петти пат, ги храбреа и на прогласувањето ги поздравија  Директорот на Volvo камиони за регионот на Централна и источна Европа, Роберт Гроздановски и Директорката на пазарот Volvo Adriatic South, Драгана Крстиќ, како и бројните гости од македонските друштва и компании кои се сопственици на Volvo камиони или имаат намера наскоро да станат сопственици на истите.

Победникот на националниот натпревар патува за Гетеборг, на светското финале во економично управување на Volvo камиони, кое исто така се разликува од досегашните: прв меѓу најдобрите ќе биде возач не само со најлесна нога на папучата за гас и најдобро време со тегнач FH(што во Гетеборг ќе измери Dynafleet системот), туку со тие резултати, прв пат, ќе бидат додадени оценки за умешност, пред се прецизност во управувањето и маневрирањето на киперот FMX.

На светското финале ќе се натпреваруваат возачи од 37 држави, 22 од Европа, а помеѓу нив и поголем број од непосредното опкружување – еден од нив е претставникот од Босна и Херцеговина, Емир Салиховиќ, сопственик на компанијата Барак Транс од Кладањ, кој пред две години, во исклучително јака конкуренција од 28 возачи од цел свет, го завзеде одличното трето место.