Камиони

Volvo Trucks
2022-02-28
Ефикасно искористување на горивото
Author
Volvo Trucks

Топ 9 надградби за заштеда на гориво на погонските единици на Volvo Trucks Euro 6

Без разлика дали возите на долги дестинации, регионални дестинации, за дистрибуција или во градежништво, овие најнови ажурирања за Euro 6 Step E значат сериозна заштеда на гориво за секого. Volvo ја разгледа целата погонска група и направи голем број надградби кои не само што ја подобруваат економичноста на горивото, туку и обезбедуваат помазно, попријатно возење – на и надвор од патиштата.  

 

Еве ги најдобрите 9 издвоени моменти:

1. Надграден мотор D13TC. Ако ви е познат Volvo FH со I-Save, тогаш знаете дека може значително да ги намали трошоците за гориво на долги релации. Клучно за ова е D13TC, срцето на I-Save и најштедливиот мотор на Volvo досега. Овие најнови подобрувања го однесоа на следното ниво. Процесот на согорување гориво е усовршен, триењето во моторот е намалено и системот за масло е подобрен. EATS (системот за послетретирање на моторот) е исто така подобрен, тежината на моторот е намалена и воведена е нова генерација на систем за управување со мотор. За да ја прошириме нашата понуда за заштеда на гориво, D13TC сега е достапен со нова моќност од 420 КС.
 

2. Надградени мотори D11 и D13 eSCR. Во двата мотори, процесот на согорување е подобрен и триењето е намалено. Зголемената ефикасност е благодарение на вградувањето на патентираниот клипен сад во облик на бран на моторот D13TC кој го оптимизира вбризгувањето на горивото. Усовршен е системот EATS, намалена е тежината на сите три мотори и воведена е нова генерација на систем за управување со мотор. Клиентите кои работат во градежништвото исто така ќе ценат дека минималната брзина на контролата на патувањето сега е намалена на 4 km/h. За уште поголема флексибилност, D13 eSCR сега е достапен и за биодизел B100 со моќност од 460 и 500 КС.

 

3. Надграден I-Shift. I-Shift сега обезбедува помазни, побрзи менувања на брзините и похармонично возење од кога било досега. Надградбите вклучуваат нови систем и стратегија за менување брзини, како и нов систем за спојката за моторите D13. Подобрениот I-Shift е достапен за сите тешки камиони и Volvo FE.
 

4. Нов софтвер за I-Torque. I-Torque, новиот интелигентен софтвер за вртежен момент на Volvo, го оптимизира вртежниот момент на моторот за да заштеди гориво. Користејќи ги топографските податоци од I-See, заедно со бруто комбинираната тежина на камионот, I-Torque автоматски го пресметува оптималниот вртежен момент на моторот. I-Torque е моментално достапен со нашите нови пакети гориво за дизел моторите D13 Euro 6 чекор E.
 

Погледнете го ова кратко видео за да дознаете повеќе за I-Torque 

5. Подобрена аеродинамика. За да се оптимизира протокот на воздух, направени се подобрувања и на кабините на Volvo FM и FH. Двата модели вклучуваат подобрени заптивки околу решетката и предните помошни светла, нов капак за држачот на ретровизорот и одбојници за да се подобри протокот на воздух околу лаците на тркалата (кај камионите со гуми 385/55). Volvo FH исто така доби дополнително продолжување на вратата и подобрувања на дефлекторите за воздух на XHSL (екстра високата кабина за спиење).
 

6. Нова пумпа за управување што штеди енергија. Новата електронски контролирана пумпа за управување на Volvo дава попрецизна контрола над управувањето, што може да ја намали потребната енергија додека се вози директно напред. За клиентите за кои се врши транспорт на долги релации и со многу работа во место, тоа значи дека загубите на енергија може да се намалат. Управувачката пумпа е вклучена во новите пакети за гориво на Volvo за дизел моторите D11 и D13 Euro 6.
 

7. Поефикасни воздушни компресори. Volvo воведе нова генерација на воздушни компресори кои заштедуваат гориво со поефикасно зголемување на воздушниот притисок. Тие сега се стандардни за сите дизел мотори D11 и D13 Euro 6.
 

8. Нови филтри за воздух, гориво и масло, плус нови големини на резервоарот за AdBlue. Новите филтри се физички дизајнирани за може да се инсталира само правилниот филтер кој ќе обезбеди оптимални перформанси на моторот и ќе го максимизира животниот век на моторот. Филтрите на Volvo се направени со специјално подготвена плисирана филтер-хартија и имаат голема површина за да се обезбеди одличен капацитет за филтрирање и долг работен век. И, за да им се олесни на возачите да ги полнат горивото и уреата на истото застанување, големините на резервоарите за AdBlue на Volvo се ажурирани за да одговараат на зголемената ефикасност на надградените дизел мотори D11 и D13 Euro 6.
 

9. Алтернатори со 50 % подолг животен век. За да го направи животот на патот поудобен, Volvo воведе и нова генерација на алтернатори од 150 А со 50 % подолг животен век. Комуникацијата со алтернаторот е исто така подобрена благодарение на додавањето на LIN (локална меѓуповрзана мрежа) што му овозможува на Volvo да го дијагностицира алтернаторот, да разбере кога треба да се замени и да планира полнење за да се продолжи животниот век на компонентите за управување со енергија. Новите алтернатори се стандардни за моделите со дизел Euro 6 FH и FH16. За уште поголема удобност, Volvo додаде и нов, поголем алтернатор 180 A во палетата за овие модели.

Сакате да дознаете повеќе за тоа како да ја намалите сметката за гориво? Погледнете Како да се подобри ефикасноста на горивото за камиони за да ги дознаете клучните фактори кои влијаат на потрошувачката на гориво, емисиите и трошоците за возниот парк поврзани со горивото.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.