Камиони

Надградениот ентериер на кабината на Volvo FH: направен за потребите на возачот

| 2 минути за читање | 2 минути за читање
Повратните информации од возачите беа клучни за надградениот ентериер на кабините на Volvo FH и FH16. Веднаш штом седнете зад воланот, станува јасно дека подобрувањата создаваат супериорно, побезбедно и многу попријатно искуство за возачот.
Надграден ентериер на кабината на Volvo FH и Volvo FH16
Неколку подобрувања, вклучително и нова, целосно дигитализирана табла со инструменти и потенка рачка за I-Shift во надградениот ентериер на кабината на Volvo FH и Volvo FH16.

Низа нови карактеристики и функции ги чекаат оние кои влегуваат во новите кабини на Volvo FH и FH16. Секоја од нив е развиена за да ги задоволи зголемените потреби на денешниот возач на долги релации.  

„Сите наши подобрувања се директен резултат на повратните информации од клиентите. Нашата крајна цел беше кабините на FH и FH16 да бидат сон на секој возач – еден вид на дом далеку од дома за задачи со возење на долги растојанија, со нови карактеристики кои навистина носат придобивки за лицето што ќе седне зад воланот“, вели Томас Туресон, менаџерот за комерцијализација на Volvo Trucks.

Меѓу најочигледните подобрувања се новата инструмент табла и интуитивниот страничен дисплеј. Двата модела сега се целосно дигитализирани и попогодни за корисниците. Амбиенталното, бело хало светло на главниот дисплеј се претвора во зелено во синхронизација со индикаторите,

Томас Туресон, менаџер за комерцијализација
Опционален дигитален страничен дисплеј што може да прикажува навигација, Dynafleet, радио и до четири камери во исто време.

килибарна боја за предупредување на возачите околу проблемите и црвена боја ако има сериозен проблем и треба да се запре камионот. Покрај тоа, навигацијата сега е прикажана на главната група како дополнување на страничниот панел, така што нема потреба возачите да ги тргаат очите од патот. 

„Безбедноста останува приоритет. Меѓу другите подобрувања, воведовме и аголна камера што драматично ја подобрува видливоста на страната на сопатникот. Новите LED предни светла со адаптивни долги светла исто така значително ја подобруваат прегледноста при ноќно возење”, додава Томас Туресон.

Не променивме ништо без причина, туку се фокусиравме на потребните промени и на она што нашите клиенти бараа да го смениме.
Втор фрижидер како опција и дополнително складирање за живот на пат со возење на долги растојанија

Натамошните подобрувања вклучуваат редизајн на централната контролна табла, која е поробусна, како и со подобрен распоред и функционалност на копчињата на управувачот.

Како одговор на барањето на клиентите, потенката рачка на менувачот I-Shift е спуштена и поставена уште понапред за да обезбеди непречено менување на брзините.

Додавањето на трета точка за поврзување со USB, опционалниот, поцврст душек од пена и новата површина на контролната табла што полесно се чисти, се исто така одлики што се воведени за поудобно доживување при престој на долги релации.

„Многу внимание за деталите, страст и стручност беа вложени во овие подобрувања. Не променивме ништо без причина, туку се фокусиравме на потребните промени и на она што нашите клиенти бараа да го смениме. Резултатот е целосен пакет со кој удобноста и безбедноста на возачот се поставуваат на првото место“, вели Томас Туресон. 

РЕЗИМЕ НА НОВОСТИТЕ КАЈ КАБИНАТА НА FH:

Волан: Нов распоред на копчиња и функционалност.

Динамичен приказ на инструменти: Целосно дигитализиран интерфејс кој е лесен за користење со четири персонализирани поставки, препознавање на сообраќајните знаци и LED систем за сигнализација. 

Аголна камера кај сопатникот: Дигитализирана за драматично подобрување на прегледноста од страната на сопатникот.

Површина на инструмент таблата: Нов материјал полесен за чистење.

Централна секција: Робустен, поцврст дизајн со зголемени можности за складирање.

AGM/систем со двоен акумулатор: Одлично подобрен AGM единечен акумулатор со подобри можности за стартување. Опционален систем на двоен акумулатор за поголема потрошувачка на енергија при превоз на долги релации.

Нова рачка за I-Shift: Потенка, пониска и позиционирана понапред во хармонија со околината.

 

Поврзани вести