Камиони

„Нашата палета на камиони со најефикасна потрошувачка досега“

| 2 минути за читање | 2 минути за читање
Преку погонските групи со ефикасна потрошувачка на горивото и конфигурациите на шасијата, новата палета на Volvo Trucks овозможува значителната заштеда на гориво и значително намалување на емисиите на CO2. Новите камиони се исто така дел од долгорочната визија за нула емисии.
Томас Туресон, менаџер за комерцијализација, стои пред новиот Volvo FH со I-Save
Менаџерот за комерцијализација, Томас Туресон, за новата палета на Volvo Trucks

Што можат да очекуваат клиентите од овие нови камиони во однос на потршувачката?
„Тие може да ги очекуваат нашите камиони со најефикасна потрошувачка на гориво досега. Горивото претставува околу една третина од трошоците на превозниците, па затоа продолжуваме да правиме сé за да најдеме нови начини за намалување на потрошувачката на гориво на нашите камиони. Како резултат на тоа, потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 на еден типичен дизел камион на Volvo за долги релации се намалени за повеќе од 20% во споредба со 1990-тите години. На пример, најновите Euro 6 step D мотори, вклучуваат голем број подобрувања во ефикасноста, вклучувајќи VDS-5 тип на масло со ниска вискозност и нови прстени на клиповите кои ја намалуваат потрошувачката на гориво. Додека пак новите технологии, вклучувајќи ги I-See базиран на мапи и функцијата I-Roll за слободно движење во лер, ја користат моќта на возењето на камионот за уште повеќе да ја намалат потрошувачката на гориво.“

Како може овие камиони да се специфицираат за да имаат уште поефикасна потрошувачка?
“Новите камиони Volvo FHFH16FM и FMX може да бидат прилагодени на широк опсег апликации за да се овозможи значителна дополнителна заштеда на гориво и дополнително намалување на CO2. За операции со возење на долги растојанија, новиот Volvo FH со I-Save го комбинира моторот D13TC со пакет карактеристики и може да помогне да постигнете заштеда на трошоците за гориво (дизел и AdBlue) и до седум проценти.* Во исто време, и Volvo FH и Volvo FM се достапни во верзии за LNG. Со нив ги намалувате трошоците за гориво и емисиите на CO2 до најмногу 20 проценти. Со BioLNG, тие емисии буквално се сведуваат на нула“.

Зошто Volvo Trucks претставува и дизел мотори при сите посточеки достигнувања во алтернативните горива?
„Секој вид гориво, од електричната енергија до LNG, па се до биогасот и дизелот има свои специфични предности, како и слаби точки и одговараат на различни видови транспортни задачи. Поради тоа, мислам дека уште долго ќе ги гледаме различните извори на енергија и погонските групи едни покрај други. Истовремено со развојот на алтернативи, Volvo Trucks продолжува со иновации за нашите дизел-камиони да се што е можно поефикасни. Најновиот Volvo FH со I-Save, на пример, кој користи уникатен тип на турбокомпаунд технологија е дефинитивен доказ за тоа колку сè уште можеме да ги поместиме границите на ефикасноста на горивото“.

Како тоа придонесува кон долгорочната визија за нула емисии на Volvo?
„Се наоѓаме во преоден период кога преминуваме од децении зависност од нафта кон поефикасни ресурси и обновливи алтернативи. Исчекорот кон енергетската ефикасност, како и развивањето на алтернативни горива, се важни етапи на патот кон нула емисии“.

ФАКТИ
Volvo FH со I-Save
Го комбинира новиот D13TC мотор со нови својства, овозможувајќи намалување на трошоците за гориво и до седум проценти.*

LNG мотор со гасен погон
Моделите Volvo FH LNG и Volvo FM LNG на гасен погон работат или на течен природен гас (LNG), што значи намалени емисии на CO2 до 20 проценти во однос на дизелот, или на био-LNG, што значи намалување на емисиите на CO2 и до 100 проценти. Ова се однесува на емисиите од возилото при употребата, познато како „од резервоар до тркало“.

Течен природен гас (LNG)
LNG е направен од природен гас, којшто доаѓа од фосилни горива. Заради полесен транспорт и складирање, се произведува во течна состојба преку ладење на гасот на ниски температури.

Био-LNG
Био-LNG, наречен и течен биогас (LBG), е биогориво направено со преработка на органски отпад. Биогасот се развива кога биолошката материја се разложува. Потоа, гасот се лади на ниски температури.

*Подобрената потрошувачка на горивото е компаративен резултат помеѓу пресметката на трошоците за дизел и AdBlue за D13TC Euro 6 чекор Д со пакетот за гориво за возење на долги растојанија (I-Save) и тие за D13 eSCR Euro 6 чекор D без пакетот за гориво за возење на долги растојанија. Реалната економичност на горивото може да варира во зависност од многу фактори, како што се искуството на возачот, употреба на контрола на возење, спецификациите за возилото, оптоварувањето на возилото, топографијата каде што се вози, одржувањето на возилото и временските услови.

Поврзани вести