Септемвриското сонце полека почна да заоѓа зад планините, давајќи ѝ на сувата земја долж патот А-349 топол и кафеаво-црвен тон. На патот, кој се протега низ пустинската област Табернас и зад планинскиот венец Сиера Филабрес, три маскирани камиони на Volvo штотуку го започнуваат едно од нивните многубројни тест-возења во регионот.
Возачите денес се клиенти на Volvo Trucks кои се поканети да дадат повратна информација и да дадат свој придонес за овие нови модели на камиони пред претставувањето. Со нив во кабината, секој клиент има претставник од локалниот пазар. За време на возењето, тие оценуваат сè, од целокупниот впечаток за кабината до новите карактеристики како што се Контролата на возење по надолнини и Аголната камера кај сопатникот.
Клиентите на Volvo Trucks отсекогаш имале важна и активна улога во развојот на новите камиони и функции. За разлика од теренските тестови - кога камионите се тестираат од клиентите подолги периоди и кои обезбедуваат важен придонес за развој на производот - овие тестови имаат друга намена.
„За нас во продажната организација, важно е да се разбере производот од гледна точка на купувачот и да се знае што е тоа што клиентите го ценат најмногу. Овие тестови ни даваат добра идеја за тоа каде сме во моментов“, вели Томи Аронсон, Менаџер за аргументирање на продажбата во Volvo Trucks.
Претходно во 2019 година, Томи Аронсон и неговите колеги организираа слични тестови на клиентите во Кируна во северна Шведска. Потоа, тестовите се одржуваа во тешки зимски услови за возење, со снежно покриени, лизгави патишта и температури до минус 20 Целзиусови степени. Тука во Шпанија, наместо тоа имаме кривулести патишта и стрмни искачувања што претставуваат најголеми предизвици.
„Бидејќи клиентите се запознаени со претходните модели, тие лесно можат да направат споредби и да ги видат предностите и слабите страни на новите камиони. Спонтаните реакции, како и придонесот што го добиваме од клиентите се многу важни“, вели Томи Аронсон.
Возниот парк што се тркала крај мермерниот каменолом и градините со маслинки на Сиера Филабре се состои од Volvo FM, Volvo FH и Volvo FH16. Бидејќи камионите се маскирани, а кабините се опремени со бројни уреди за мерење и камери, фокусот денес повеќе е ставен на проценка на функционалноста на камионите отколку на нивниот дизајн.
„Овој вид настани секогаш е многу ценет од клиентите - многумина се чувствуваат горди што учествуваат и го споделуваат својот увид. Исто така, добиваме и многу прашања од оние што учествуваат. Навистина забележувате дека има голем интерес за новите камиони“, вели Томи Аронсон.
Сопственик
ФИРМА: Frama.
ДРЖАВА: Република Чешка.
БИЗНИС: Транспорт на стока со големи димензии.
КАМИОНИ: 35 од кои 34 се камиони Volvo.
„Севкупниот впечаток е многу позитивен. На пример, сметам дека новиот дисплеј е многу лесен за користење. Лесно е да се управува со копчињата на воланот и интерфејсот изгледа убаво.
„Кога станува збор за возните карактеристики, најголемото подобрување ќе го најдете во сегментот на Volvo FM. Овој Volvo FM е тотално нов камион, тој е како друга приказна.
„Во прашалникот, јас дадов највисока оценка на предните и страничните ретровизори. Видливоста е неверојатна, а Аголната камера кај сопатникот работи многу добро. Исто така ми се допаднаа и новите внатрешни LED-светла, како и тоа дека можете да ги вклучите само со еден едноставен допир“.
Сопственик-оператор
ФИРМА: Danjak Ltd.
ДРЖАВА: Обединето Кралство.
БИЗНИС: Транспорт со рамна платформа.
КАМИОНИ: 5 камиони Volvo.
„Камионите очигледно не се завршени, но возењето денес беше фантастично. Патиштата се многу различни од оние по кои обично возам во Обединетото Кралство.
„Имам многу мало искуство со камиони со волан на левата страна, па морав брзо да учам. Едно нешто што ми се допадна со камионите е новата инструмент табла. Ми се допаѓа и стариот, но ова е следното ниво. Тој е многу модерен и се чувствувате како да сте во нов автомобил.
„Иако Volvo FM не би бил добар за операциите што ги работиме, денес навистина уживав во возењето на тој камион. Прегледноста во новата кабина е брилијантна, плус седите пониско – сфаќам зошто овој камион би бил привлечен за одредени операции.
Возач и сообраќаен оператор
ФИРМА: Hedenskogs Åkeri AB.
ДРЖАВА: Шведска.
БИЗНИС: Транспорт и ракување со резервоари.
КАМИОНИ: 6 камиони Volvo.
„Севкупниот впечаток е многу позитивен. На пример, сметам дека новиот дисплеј е многу лесен за користење. Лесно е да се управува со копчињата на воланот и интерфејсот изгледа убаво.
„Кога станува збор за возните карактеристики, најголемото подобрување ќе го најдете во сегментот на Volvo FM. Овој Volvo FM е тотално нов камион, тој е како друга приказна.
„Во прашалникот, јас дадов највисока оценка на предните и страничните ретровизори. Видливоста е неверојатна, а Аголната камера кај сопатникот работи многу добро. Исто така ми се допаднаа и новите внатрешни LED-светла, како и тоа дека можете да ги вклучите само со еден едноставен допир“.
Менаџер на возен парк
ФИРМА: Simeon Group.
ДРЖАВА: Финска.
БИЗНИС: Транспорт на течности.
КАМИОНИ: 230 од кои приближно 100 се камиони на Volvo.
„Сите нови камиони беа многу добри за возење. Volvo FH16 е супер камион на патиштата како овој. Но, за операциите што ги имаме, Volvo FM е подобар и го очекувавме новиот модел. Споредено со старата, новата кабина на FM е како ден и ноќ. Видливоста е многу добра и мислам дека Аголната камера кај сопатникот е една од најважните безбедносни карактеристики во последните години.
„Денес користев Адаптивна контрола на возење на 98 проценти од патувањето, беше толку рамномерна и работеше толку добро што не морав да правам скоро ништо. Исто така ми се допаѓа што Контролата на возење по надолнини се враќа како функција во новите камиони.
„Мислам дека е многу добро што Volvo Trucks ги кани клиентите да учествуваат на вакви тестови. Како крајни корисници, ги знаеме нашите потреби и што најдобро функционира во нашите операции. Како менаџер на возен парк, исто така е многу добро да се знае какви нови карактеристики пристигнуваат“.